ГРЧЕВИ КАЈ НОВОРОДЕНЧИЊА  – Нормална појава или причина за загриженост
Инфантилни колики или грчеви кај новороденчињата,наречени уште како трименонски колики,се дефинираат како напади на силен плач и немир придружен со силноцрвенило или со перорално бледило на лицето, исо карактеристични движења на ноџињатакон  стомакот (грчење).

Кога се појавуваат?

Коликите најчесто се појавуваат пред втората недела од животот, а  престануваат или нивниот интензитет се намалувасо полни 3 месеци. Во првите 3-4 месециод животот на бебето,коликите(грчевите)се најчеста појава. Се појавуваат кај 20-40% од бебињата и тоа подеднакво често кај доените и кај бебињата на адаптирано млеко.Тие се случуваат наеднаш од „чиста мира“и траат и по неколку часа. Проследенисе со неутешно плачење на бебето, вознемиреност, нарушување  на сонот и на хранењето, а нарушено е и расположението на целото семејство. Најчесто се појавуваат попладне и навечери тоасо поголем  интензитет, а може да се појавуваат и преку цел ден и во текот на ноќта.

Дали се работи за болест?

НЕ, грчевите не се болест туку нормална појава.Тоа  е состојба во која децата се вознемирени и плачат, но воедно тоа се здрави децаи деца коипримаат храна икоиодлично напредуваат.

Кои се причините?

Причините за појавата на грчеви на науката не исе целосно познати и точниот етиолошки  фактор не е определен.Постојат неколку теории за настанувањето на грчевите:

  • бебето не поднесува млеко,
  • гастро-интестиналниот тракт не е доволно развиен,па се појавуваат спазми,
  • привремена хормонска нерамнотежа,
  • бебињата цицаат многу бргу,што води до полнење на цревата со воздух, нивно растегање и надуеност,
  • преголема чувствителност на нервниот систем на бебето во однос на надворешната средина и прием на многу стимулации истовремено.

Моментално,како најрелевантни се сметаат теориите за незрелост на дигестивниот и  нервниот систем кај бебето, додека теоријата за влијанието на мајчината исхрана на грчевите кај бебето е застарена. Ова значи дека мајката може да јаде разновидна храна без притоа таа да е фактор за појава на грчевите кај бебето. Значи,се работи за  нормална развојна појава која бебето ја чувствува како неудобности грч. Се смета дека не е болка,затоа што е докажанодека нивото на кортизол (хормон на стрес) кај бебињатакои имаат грчеви не е поголем од кортизонот кај ониекои немаат.

 Како треба да се третираат инфантилните колики(грчеви)?

Лекување на грчевите со лекови не е потребно. Она што може да се сугерира и да биде од помош е:

  • информирање на родителите за тоа што се инфантилни колики,
  • мануелни масажина стомачето на бебето,
  • ставање на топла пелена и легнување на бебето на страна со свиткани нозе,
  • редовно подждригнување на бебето по секој оброк,
  • ублажуање на инфантилнитеколикисодавање пробиотици. Утврдено е дека бебињата кои имаат инфантилни колики имаат пониско ниво на пробиотиски бактерии во гастро-интестиналниот тракт,така што давањето пробиотици доведува до колонизација идо намалување на јачината или до губење на грчевите кај бебето. Притоа,треба да се знае дека пробиотикот нема несакани ефекти и се дава онолку колку што е потребно,
  • Давањето препарати кои содржат симетикон не даваат значајни резултати, и се применуваат онаму каде грчевите се последица од голтање воздух.

Инфантилните грчеви се исто што иникнувањето заби, проодувањето, прозборувањето односно само уште една фаза во созревањето навашето дете.