Витамин К
Витаминот К припаѓа во групата на витамини растворливи во масти, познат уште  и како коагулациски или антихеморагичен витамин. Има голема улога во згритчување на крвта и учествува во процесот  на запирање на  крварењето.

Постојат повеќе различни хемиски структури 

Во природата се наоѓаат два облика витамин К и тоа К1 (фитоменадион ) и К2 (фармагихинон ). Синтетски се добиваат уште три облика  и тоа витамин К3 (менадион), витамин К4 (менадиолис ацетат) и витамин К5 (метилксилоаминонафталин).

Улогата на витаминот К во организмот

Витаминот К учествува во процес на синтеза на протеини кои се од големо значење за коагулацијата (згрутчување) на крвта и за сопирање на крвавењето. Недостатокот на витамин К може да предизвика зголемена појава на модринки  или крвавење.
Соработува со витаминот Д и заедно го пренесуваат калциумот до коските.. Ниското ниво на витаминот К може до доведе до зголемен ризик од скршеници.
Спречува калцификација на артериите и крвните садови. Со тоа се намалува ризикот од појава на тромбоза и се намалуваат причините за појава на мозочен или срцев удар.
Спроведените студии  покажуваат дека жените кои примале најмалку 110 микрограми витамин К на ден имаат 30 проценти помалку шанси за скршеници  од оние кои го примаат овој витамин во многу помали дози.
Доволен и соодветен внес на витамин К обезбедува заштита и правилен развој на клетките. Иако нема антиоксидативно дејство сепак помага во сочувување на нервните клетки од оксидативен стрес и оштетување.

Особено важен за новороденчињата

Новороденчињата не се во можност сами да го произведуваат во цревата,  а и  мајчиното млеко е многу сиромашно со овој витамин. Затоа се препорачува бебињата да добиваат дополнително витамин К. Доколку не се внесува во соодветна доза постои можнот да се јават скелетни деформитети.

Препорачана дневна доза

Препорачаната дневна доза од овој витамин е многу мала и различна во зависност од возраста, полот и тежината. За возрасни се препорачува  дневна доза  од  120 микрограма на ден за мажи и  90 микрограма за жени.  За деца до 7 години 10-20 микрограма на ден. Лицата кои земаат поголеми дози на антибиотици се во опасност од недостаток на овој витамин, бидејќи нарушувањето на цревната флора има влијание врз про  дукцијата на одредени количини на витаминот К

Каде најмногу го има?

Најмногу е застапен во листовите на див костен, во билките како босилек, жалфија, мајчина душица, магдонос (две лажички магданос содржат дури 153 % од дневните потреби на организмот), коријандер, мајоран. Исто така го има во зелениот зеленчук како брокула, зелка, кинеска зелка, кељ, карфиол, спанаќ, марула, млад кромид, црвена зелка, рукола и целер. Го има и во киви и во некои растителни масла, од кои најмногу во соиното масло. Животински продукти содржат многу мали количества од овој витамин. Витамин К1 се создава во цревата од цревните бактерии. Витамин К2 се наоѓа во жолчката од кокошка, телешки црн дроб, различни видови сирења и производи од ферменитирани зрна од соја.

 

 

Пред да одлучите да земете додатоци на витаминот К консултирајте се со доктор или фармацевт, бидејќи прекумерната употреба може да предизвика негативни последици и да го попречи дејството на некои лекови. Потребното количество на витамин К во вашето тело најдобро ќе го добиете преку здрава и урамнотежена исхрана.