ЛЕШНИК
Лешниците се едни од најомилените јаткасти плодови , со препознатлив вкус и арома. Се сметаат за симбол на плодноста, а се користат не само како храна, туку се и дел од разни ритуали и прослави, па во минатото често се среќавале како важен детал од свадбени прослави и свечености.

Во својот состав содржат значајни количества на есенцијални масни киселини, витамини и минерали. Особено е значајно присуството на витамин Е, а се и вистински извор на аминокиселини и протеини. Може да бидат идеален оброк при разни диети и програми за слабеење, па дури и како енергетски додаток кај спортисти и кај лица со зголемени потреби од енергија и протеини. Покрај ова, имаат и низа здравствени ефекти, а редовната употреба несомнено значи и  превенција, пред сè, од кардиоваскуларни заболувања.