Улогата  на постот врз нашето здравје
Постот се смета за една од најстарите традиционалниметодина чистење (детоксикација) на  организмоткоја се применува во скоро сите култури низ светот. Начинот на постење односно видот на пост се разликува  во зависност од традицијата, со тоа што постот кај некои религии и култури претставува одрекување од месо и други намирници од животинско потекло одреден временски период, целодневно гладување или воздржување од одредени видови храна одредени денови во неделата или во текот на годината.

Освен религиските постови во поново време многу светски лекари и нутриционисти, препорачуваат  постење со различни методи како што се пост со сокови, пост на вода, пост со блендирани сокови (смуди), исхрана со сирова храна, елиминациска диета, повремен пост таканаречен Intermittent fasting односноIFи др. Како и да е било која од овие методи на повремено постење ( воздржување од храна ) да се примени , секако под надзор на стручно лице, позитивно ќе влијае врз здравјето особено ако постот редовно го применуваме. Забрзаното односно динамичното темпо на живот, нездравата исхрана(брза храна, индустриска процесирана храна и.т.н) присутноста на токсини околу нас како во храната така и во воздухот и почвата негативно  влијаат врз нашиот организам. Поради тоа, од исклучителна важност е одвреме навреме да го прочистиме нашиот организам од токсини а одлична алатка за тоа е постењето. Современите нутриционисти препорачуваат повремено контролирано постење со што би се олеснил организмот и би се поттикнало отстранувањето на штетните материи. Доколку не сте сигурни дали вашата здравствена состојба дозволува да постите најдобро е да се консултирате со лекар.

Зошто постот е добар за нашето здравје 

Во периодот кога започнуваат  велигденските пости  се наметнува прашањето дали постите се вклопуваат како здрав начин на живеење и на здрава исхрана.Исхраната за време на овие пости не претставува стрес за нашиот организам туку напротив благослов за нашето здравје. Кога се пости нашиот организам како систем и сите негови делови се многупомалку оптеретени.Постот претставува одличен начин да се исфрлат насобраните токсини од организмот но под услов за време на постот да се конзимираат здрави намирници, подготвени на здрав начин (варење, бланширање) односно без пржење на високи температури во длабока маснотија . Првенствено, постот е една од најдобрите методи за регулирање, прочистување и обновување на системот за варење, како и регулирање на целиот метаболизам.Преку постот,целиот организам, сите органи и клетки се чистат од штетните материи.Не се троши енергија за варење на “ тешка“храна туку на елиминирање на штетните материи од организмот. Тоа значи дека на нашите органи за варење им даваме „годишен одмор“.Заштедената енергија се користи за регенерација,лекување и опоравување.Алергии,ринитис,дигестивни проблеми,кожни заболувања,угоеност, артритис, болести на срцето и крвните садови,астма…Долг е списокот на заболувања кај кои постот позитивно делува. 

Како правилно да се храниме за време на пост
Постот сигурно не подразбира исцрпување на организмот со повеќедневно прегладнување кое само по себе може да биде штетно по нашето здравје, да го поремети метаболизмот а воедно и ослабе нашиот имунитет. Од особена важност за време на постот е почитување на трите основни правила на здравата исхрана: балансираност на оброкот, умереност во порциите и разновидност на намирниците. Само доколку ги вклопиме овие правила за здрава исхрана за време на постот може да зборуваме за негов позитивен здравствен ефект. Обрнете внимание за време на постот вашата исхрана да биде нутритивно богата со што ќе се внесат потребните хранливи и градбени материи за организмот. Внесувајте секојдневно умерени количини на правилно искомбинирана храна, свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки (интегрален ориз, овес, рж, јачмен… ), мешункасти плодови (леќа, грашок, грав, наут, боранија),јаткасти плодови  и семиња (орев, бадем , лешник, семки од тиква, сончоглед, сусам, ленено семе….), никулци од из’ртени житарки, сушено овошје во умерени количини.

Водете сметка за внесот на белковини (поради избегнување храна од животинско потекло,) мешункастите плодови (леќа,грашок,грав,боранија) комбинирајте ги  со житарки (пример интегрален ориз комбинирајте со грашок). Ограничете го внесот на нутритивно празната храна богата со шеќер и скроб (бели пецива, тестенини, пекарски производи, рафинирани индустриски производи.Обидете се за време на постот да не конзумирате алкохол, слатки и газирани пијалоци, цигари.И секако не заборавајте да пиете доволно вода.Водата го хидрира организмоти  има главна улога во неговото прочистување од штетните материи.Сложените јаглехидрати, диетални влакна, витамините, минералите и фитонутритиентите од зеленчукот, овошјето, житарките, мешунките со кои изобилува исхраната за време на постот и тоа како позитивно влијаат врз целокупното здравје .Овој пост придонесува за регулирање на телесната тежина, го забрзува метаболизмот, ја регулира  остипацијата, ги намалува воспалителните процеси во организмот, го нормализира крвниот притисок и липидниот статус, превенира од атеросклероза и срцеви заболувања..

И за крај, завршувањето на постот не треба да биде причина за прекумерно конзумирање на дотогаш забранетата храна. По завршување на постот не треба да се навали на се она што евентуално ни недостасувало.Обидете се да не се враќате на некои стари нездрави навики во исхраната туку потрудете се да јадете само тоа што е најдобро за нашиот организам. Постот нека ви биде тест да  докажете дека може да се справите со ова искушение и понатаму предизвик да продолжите со здрав начин на исхрана.

 

Анета Николовска
Дипл. нутриционист