ПАТУВАЧКА ДИЈАРЕЈА
Летото е сезона на цревни инфекции. Високите температури придонесуваат за размножување на вируси, бактерии и цревни паразити. Ризикот од патувачка дијареја е поголем при патување и годишен одмор.

Што претставува патувачката дијареја?

Патувачката дијареја претставува појава на повеќе од три течни столици во рок од 24 часа.  Важна e конзистенцијата, а не само бројот на столици. Се појавува како последица на бактериски инфекции (Escherichia coli, Salmonella, Shigella, Campylobacter), вирусни инфекции(Rota virus) и инфекциисо паразити (Giardia lamlia, Entaneba mistolitica).Најчеста причина за појавување на патувачката дијареја е консумирањето различни видови храна, којашто содржи видови организми на кои што човечкиот организам не е навикнат.

Симптоми на патувачка дијареја

Убаво е да се патува,но тоа често води допоголемризик од патувачка дијарејa.Ризиците од патувачкадијареја се најголеми при патување во Јужна Азија, Екваторијална Африка и поголем дел од Јужна Америка.Најчестите и најтешките симптоми доаѓаат при инфекција со инвазивните бактерии и преносот на инфекцијата најчесто епреку: внесувањезагадена храна и вода, директно преку аерокапков пат, преку загадени раце или предмети.Најчести симптоми кои се појавуваат при патувачката дијареја се:
–       Висока температура, особено при инфекција со Salmonella;
–       Повраќање и стомачна болка;
–       Kрвави столици при инфекција со Salmonella, Shigella и Escherichia coli;
–       Тешки водени столици при инфекција со вируси.
Доенчињата и малите деца имаат мала телесна тежина,и честитетечни проливиимаат поголем ризик од сериозни нарушувања во водено-електролитнатарамнотежа,односно дехидритацијата. 

Превенција и третман на патувачката дијареја

Основно во превенцијатана патувачкатадијареја,е избегнувањетоконтакт со заболени лица. Особено важно е одржувањетона личната хигиена,што подразбира често и редовно миење раце со сапун и со топла вода, и користење средства за дезинфекција. Темелно миење на зеленчукот и овошјето пред консумирање, термичка обработка на местото. Чистење и дезинфекција на површините,особено детските играчки, користење флаширана и превриена вода.
Во третманот на патувачкатадијареја,примарно е рехидратација и користење пробиотици, кои помагаат брзо и ефикасно да се регулира цревната микрофлора.

Хигиено-диететски режим

За време на летниот период, треба да се консумира полесна храна. Кога детето има дијареја,  не треба да му се даваат овошни сокови и засладени чаеви,поради големата содржина на шеќер штојазголемува дијарејатаи го пролонгира нејзинототраење. Покрај симптоматскиот третман со пробиотици, се препорачува:
-Kаша од гриз, банана, ориз и морков, варен компир, леб и пилешко месо;
-Храна со висока нутритивна и енергетска вредност (тестенини, пченкарен гриз, житарки, сирење, мали количествапутер).

Што да понесете во вашата патувачка аптека?

Внатрешната рамнотежа на микрофлората на човекот е од исклучителнаважност за здравјето на човековиот организам. Дијарејата е одбранбен механизам за чистење на инфективните агенси,но доведува до нарушување на рамнотежата на пробиотските култури кои го населуваат гастроинтестиналниот тракт. Затоа,современиот медицински пристап во третман на патувачката дијареја препорачува:
–       Клинички испитани пробиотици;
–       Средства зарехидратација.

Со земањето пробиотици „добрите“ бактерии создаваат неповолни услови за развој на патогените микроорганизми. Пробиотиците можат да бидат ефикасни во третман на патувачката дијареја, бидејќи ја обновуваат цревната микрофлора и ја засилуваат одбраната на организмот.

Д-р специјалист педијатар
Славица Филевa