РАХИТИС ПРИЧИНИ И ПОСЛЕДИЦИ
Рахитисот е болест во детската доба, состојба која води до слаби и меки коски кај децатаНајчесто е предизвикан од недостаток на витамин Д, во времето кога е најпотребен за правилен раст и развој на децата.

На што се должи?

Појавата на рахитис може да биде резултат на недоволно внесување витамин Д3  преку храната, премала изложеност на сончеви зраци, ексклузивно доење без суплементација на витамин Д3,целијачна болест или одредени генетски состојби.

Други фактори што доведуваат до рахитис се недоволно внесување калциум или фосфор. Рахитисот e состојба кај која постои растројство на минерализација (инкорпорирање на калциум и фосфор) во коските кои растат. Дијагнозата за рахитис се поставува на основа на биохемиски тестирања како низок калциум, низок фосфор, ниско ниво на витамин Д3, висока алкална фосфатаза во комбинација со клиничката презентација на симптоми типични за рахитис.

За нормален раст на коските и за нивната минерализација,потребно е доволно калциум и фосфати, двата најголеми конституенти на коскениотматрикс. Дефициентната минерализација може да доведе до рахитис и/или остеомалација. Рахитисот се однесува на дефициентна минерализација на зоната на растење, како и на нарушување на архитектониката и структурата на коските. Основниот механизам вклучува инсуфициентна калцификација на коските. Остеомалацијата означува нарушување на минерализацијата на коскениот матрикс. Рахитисот и остеомалацијата највообичаено се случуваат заедно, сè додека се активни зоните на раст во коските, додека само остеомалација се појавува кога растот е веќе завршен. Витаминот Д има улога на „контролор“на количеството калциум и фосфор кои преку храната, преку цревата доаѓаат до телото. Како последица на недостаток на витамин Д, се смалува и вкупното количество на калциум и фосфор, па телото реагира со активација на хормони кои ги надоместуваат овие минерали од телесните резервоари, односно коските.

Витаминот Д – клучен фактор за правилен раст и развој на коските

Растот и развојот се специфични категории кои се својствени за децата. Најинтензивен раст бележат децата до 1 година, во рана претшколска возраст и во адолесценцијата. Овие три периоди се најчувствителни во однос на појавата на рахитис. Витаминот Д е прохормон, кој се синтетизира во кожата по нејзино изложување на ултравиолетови зраци или може да се апсорбира од храната или суплементите. Овој прохормон потоа поминува, се конвертира, во активна форма во црниот дроб и последователно во бубрезите. Во овие 3 чувствителни периоди од детскиот раст и развој, ако нередовно се суплементира витаминот Д, може да дојде до појава на рахитис.
Mногу малку од прехранбените продукти имаат доволни количества витамин Д. Најголем извор на витамин Д се масните/сините риби, како лосос, харинга, скуша, сардина. Го има и во месото и во жолчката. Само мал дел од овие продукти се консумираат секојдневно. Секако, кога се доенчиња, децата се исхрануваат со мајчино млеко, кое содржи многу мало количество на витамин Д. Синтезата која се одвива во кожата е главен извор на витамин Д.

Што се случува кај децата ако не се внесува доволно витамин Д? 

Клиничкитезнаци и симптомите на рахитис може да вклучуваат чувствителност, болки во коските, подложност на фрактури на коските, особено на фрактури green stick, замор при одење. Кајдоенчињата,може да се појават рани скелетни симптоми,како што се меки черепни коски – состојба позната како краниотабес,што е прв знак на рахитис, четвртеста глава и одложување на затворањето на фонтанелите, промени во кичмениот столб. Поради нарушувањетово растот, ако скелетот не се формира правилно, ќе нема добар линеарен раст и детето ќе биде пониско од просекот.

Останати чести знаци и симптоми се: здебелување на метафизите на долгите коски, рахитична бројаница, Харисонова бразда, рахитична кифоза во време на проодување. Малите деца може да имаатдеформација на нозете во облик на буква „О“или „X“, постарите деца – проблем со колената. Често, бебињата имаат дискретнахипотонија – слабост на мускулатурата, а сезабележува и невровегетатитвна лабилносткако раздразливост, несоница, интензивно потење.Хипокалцемија, ниско ниво на калциум во крвта, може да резултира со тетанија – неконтролирани мускулни спазми. Исто така, може да се појават и проблеми со забалото. Манифестниот рахитис, кој е соодветно дијагностициран, успешно се лекува со витамин Д во тераписки дози.

Најважен начин да се спречи развој на рахитис е превенцијата

Неопходно е да се превенира сè додека млекото е главната исхрана на детото, односно до 1 година. Затоа, по препораките на светските педијатриски здруженија, за правилен развој на коските потребна е суплементација со 400 интернационални единици на витамин Д3. Исто така, по првата година од животот се продолжува со редовна суплементација од 400  интернационални единици во текот на зимските месеци, сèдодека не се заврши растот.