Тегавец
Тегавецот (лат. Plantago) е уште една популарна билка, со значајно место во народната и алтернативната медицина. Поради неговителековити својства, бил ценет уште одамна, а се сретнува насекаде: во дворови, ливади и шуми, иако расте во специфични услови, поради што бара големо количество дожд, освен во сушниот период.

Во својот состав содржи голем број корисни материи, како танин, флавоноиди, калиум, цинк и сапонини. Особено е познат по неговото диуретичко и антисептичко дејство, како и по позитивните ефекти кај заболувања на респираторниот систем. Заедно со медот претставува одлична комбинација за лекување на бронхитис, а комбинацијата која вклучува и темјан и мајчина душица е најпрепорачлива за проблеми со дишните патишта.