ЦРНИЦА

Црницата е едно од најслатките овошја, како и едно од омилените овошја токму поради благиот вкус. Денес, сè помалку се користи и се наоѓа на нашите трпези, иако се познати нејзините лековити и хранливи вредности. Претставува значаен дар од природата кој може да се користи и во форма на сушени плодови.

Постојат 3 вида црница и тоа бела, црна и црвена – но во светот се наоѓаат и голем број други видови. Видовите црница, пред сè, се разликуваат во бојата, а делумно и во лековитите својства. Интересно е тоа што кај ова овошје, лековити се сите делови од самото растение, што дава многу придобивки при лекување на разни болести. Содржи голем број витамини: Ц, А, К, Б, магнезиум, железо и количество антиоксиданти и антицијаниди.