Овчарската торбичка

Овчарската торбичка  латински Capsella Bursa – Pastorisкај народот е позната и како русомачка, ме сака-не ме сака, бабини гниди или Моминска трева. Расте по ливадите, покрај патиштата, полињата и градините.

Овчарката торбичка представува  едногодишно или двегодишно зелјесто растение , кое расте до 50 см, стеблото е исправено, слабо разгрането, листовите по основата му се покрупни и пересто се разделени и градат розета, а по должината на стеблото се ситно, долгнавести, шилести и по рабовите се цели.

На гораната старана од стеблото се сместени цевтовите кои се бели и ситни, со различна старост, на врвот се наоѓаат пипки, а под нив отворени цветови. Плодовите се тркалезни и лушпести, кои што кога ќе созреат пукаат и од нивната внатрешност паѓаат бројни, ситни, семиња, со помош на кои оваа билка се расејува.

Цвета од март до ноември , а лековит дел од растението представува надземниот дел (Bursa pastoris herba), кој се бере додека билката е млада, затоа што тогаш е најлековита, а тоа е во периодот од рана пролет до доцна есен. Растението нема мирис, а вкусот е малку лут, кој потекнува од сулфурните хетерозиди кои ги содржи.

Лековити компоненти
Освен хетерозиди, овој надземен дел на растението содржи други компоненти како што се органски бази тирамин, ацетил-холин, инозитол, танини, разни органски киселини, сапонозиди, витамин Ц и друго.

Употреба
Овчарската торбичка представува една од најпознатите хемостатски билки и неговата примена во народната медицина е голема. Се применува при различни видови на крварења , вклучително и крварења на некој од внатрешните органи кога чајот од овчарска торбичка е вистинското решение. Во оваа насока може да се  употребува и помага за спречување на крварење на белите дробови, бубрезите, желудникот, цревата, матката, носот или при вадење на заб.  Се употребува при менстриуални крварења и неуредна менструација, како и за спречување на крварењето при мокрење.

Помага и при хемороиди, камен во бубрезите, воспаление на мочниот меур и црниот дроб. Оваа билка има антивоспалително дејство и ги зајакнува ѕидовите на крвните садови.

Исто така се употребува и за лекување на тумори (фиброма) на матката, за регулирање на крвниот притисок ( и за висок и за низок притисок). Може да се употребува за болести на мускулите, зглобовите , слабости на мускулите на завршното дебело црево, пролапс (испаѓање на дебелото црево), матка и кила.

Се употребува во форма на чај, облоги, купки и тинктура.

За подготвка на чај се употребува надземниот дел на билката и тоа: листовите, цветовите и плодовите. Во 500 мл зовриена вода се оставаат да киснат 2 лажици од овчарската торбичка, при што садот се покрива и се остава да одстои од 10 минути до 2 часа. Во текот на денот не треба да се пијат повеќе од 500 мл, и при тоа оваа количина потребно е да биде поделена на повеќе делови во текот на денот. Нејзиното конзумирање без потреба може да има негативни последици и треба да напоменеме дека чај од овчарска торбичка не смеат да конзумираат бремени жени.

Најчесто се користи во комбинација со други билки, при што се подобрува аромата и вкусот. Може да се комбинира со троскот, камилица и бела имела, потоа со ајдучка трева, и кора од даб. Исто така  се комбинира со нане, камилица, цвет од невен, коњско опавче и брезов лист  при крварења на бубрезите, додека  пак во комбинација со вркут одлично ги ублажува гинеколошките проблеми.