ПОДБЕЛ
Подбелот е лек од античко време,  најмногу распространетаво Европа, Азија, Северна Америка и Северна Африка.

Подбелот содржи витамин Ц, провитамин А и јагленохидрати од групата на моносахариди. Ги стимулира, ја зајакнува нивната функција, делува антитусично односно ја смирува кашлицата.

Има докажано антибактериско дејство. Затоа денеска после сè што е откриено за подбелот тој се користи за лекување на хроничен бронхитис, енфизем, воспалени крајници, бронхијална астма, намалува оток, ја намалува болката и го смирува воспалението.
Големата концентрација на слузни материи го прави подбелот како добар лек за стомачни заболувања и тоа гастритис, чир на желудникот, чир на дванаесетпалачно црево, воспаление на тенкото црево и колитис на дебелото црево.. Локално лекови од подбел се користат за лекување на рани, чиреви, опекотини и тоа во форма на облози или за испирање или обложување само со столчени листови. Влегува во составот на медицински чаеви за градни и стомачни заболувања.