КОМПИР

Компирот потекнува од Јужна Америка, а денес се одгледува во речиси сите краеви на  светот. Претставува повеќегодишно зелјесто растение со различна големина и боја на плодот. Денес постојат повеќе од 1500 сорти. Содржи релативно малку калории и голема лепеза на хранливи компоненти и тоа протеини, растителни влакна, витамини, минерали, скроб… Речиси и да нема кујна и домаќинство каде компирот не е застапен и тоа во разни форми. Пржениот компир, или уште попознат како помфрит, му носи светска слава и е едно од најомилените, но од друга страна и едно од најнездравите јадења.  Во народната медицина е познат и по многу лековити својства, а едно од најзначајните е употребата како облога против покачена телесна температура и главоболка.