РУЗМАРИН

Рузмаринот (Rosmarinus officinalis L) е медитеранска билка со особена применаво кулинарството.Има карактеристичен пријатен мирис и арома. Во кулинарството се користи во подготовка на супи, салати, готвени јадења со месо и зеленчук. Етеричното масло на рузмаринот содржи компоненти кои имаат благопријатно дејство врз организмот,особено врз функциите за помнење и концентрација. Покрај ова,во  современата медицина, рузмаринот често се користи и како благ аналгетик при мигренозни состојби и кај проблеми со варењето.