БЕЛ СЛЕЗ

Althaea officinalis – Бел слез, припаѓа на фам. Malvaceae. Белиот слез е едно од лековитите растенија кои се користат терапевтски уште од античко време. Расте на рамни и влажни предели во Јужна и Средна Европа. Поради својата лековитост се одгледува насекаде ширум светот. Како лековита состојка се користат листовите и коренот од ова растение. Од состојките кои ги содржи коренот на белиот слез, најзначајна е слузта која предизвикува терапевтски ефект при кашлица, иритација на грло, воспаление на желудник а воедно пројавува и  антитуморско, антивирусно и имуностимулативно дејство. Белиот слез се нарекува уште и чувар на дишните патишта. Се употребува и при проблеми со мочниот меур, бубрезите, при воспаление на дебелото црево, дијареа, цревни болести и сл. Во комбинација со мед, од коренот на бел слез се прави смеса за облоги кои помагаат за акни, гнојни чирови, изгореници, воспаление на очите итн.