УМЕТНИЧКО ЛИЗГАЊЕ
Најстарата и најпопуларната дисциплина на Зимскиоте олимписки игри. Уметничкото лизгање своето деби го имало на Олимпискитеигри воЛондон во1908 година. Уметничкото лизгање е спорт во кој лизгачите на мраз, дали во пар или посебно, изведуваат слободни движења како скокови, вртења, подигнувања и движења со стапалата кои се споени во еден грациозен танц.

Името уметничко лизгање, односно figure skating, го добило поради фигурите што ги прават лизгачите на мразот. Тие движења се изведуваат со помош на лизгалки кои имаат многу остро сечило за да може лесно да се движат по замрзната површина. Има неколку видовина уметничко лизгање, фристајл (слободни движења), лизгање во пар, танцување на мраз (ice dance) како и синхронизирано тимско лизгање. Уметничкото лизгање денес е популарен и модерен спорт, миленик на широката популација, поради невообичаените и зачудувачки движења, искомпонирани со одличникостими, како и неверојатни подвизи.

Неколку интересни информации за уметничкото лизгање

Лизгалките биле направени од животински коски

Уште пред луѓето да почнат да ги развиваат своите уметнички интереси преку лизгалките, истите биле користени како практична форма на транспорт. Пред илијадници години,жителите на Финска,врзувале животински коски на нивните стапала за да можат полесно да ги преминуваат замрзнатите езера со лизгање,наместо со одење.

Танцувањето на мраз потекнува од валцерот

Модерното уметничко лизгање може да вклучи и танцување на мраз, активност која потекнува од една сурова лондонска зима во далечната 1862 година. Но првиот конкретен пример е од 1880 година, кога членовите на Виенскиот лизгачки клуб започнале да го имитираат валцерот, но на мраз. Танцувањето на мраз се вклучило како дисциплина на Зимските олимпискиигри дури во 1976 година.

Најлудиот забранет потег

Сурија Бонали,позната како лизгачка која му пркоси на системот, добитничка на пет европски златни медали и три сребрени светски медали, го има направено „најстрашниот“потег во историјата на уметничкото лизгање. Имено на Зимските олимпискиигри во 1998 година,таа го направила познатиот бекфлип (скок со салто наназад), но со приземјување на само една лизгалка. Иако таа го извела неверојатно добро, сепак овој потег бил забранет поради тоа што е многу опасен.

Има некои движења кои машките лизгачи не можат да ги направат

Движењето во кое лизгачот се наведнува наназад со главата, грбот и рамената,предизвикува значителен притисок на ‘рбетниот столб и затоа бара голема флексибилност. Затоа,се смета дека женските лизгачи имаат поголем успех при изведување на ваквите движења отколку машките.

Лизгачите се вртат со 300 вртежи во минута

При изведување на еден скок со вртење, лизгачот се врти со брзина од 300 вртежи во минута,што е иста брзина која астронаутите ја доживуваат при нивните центрифугални тренинзи.

Лизгалките се различни од оние за хокеј на мраз

Лизгалките кои ги носат натпреварувачите се разликуваат од оние кои ги носат хокеарите. Лизгачите можат да прават вртења и кратки застанувања,благодарение на еден назабен дел кој се наоѓа на врвот на лизгалките, а се нарекува врв на острицата. Тој дел е многу тешко видлив, но игра голема улога во моментот пред скокање, затоа што се закачува на мразот и го прави скокот полесен.

Погрешен костим може да чини одземени поени

На многу натпревари, судиите може да одземаат поени доколку сметаат дека костимот кој го носи лизгачот е несоодветен или провокативен. Иако ова е многу субјективно, сепак може да бидат одземени поени доколку повеќе судии се изјаснатдека костимот е несоодветен.

Реквизити се забранети

Лизгачите кои се натпреваруваат може да победат или да изгубат базирано само на нивната индивидуалност и вештина, не смеат да користат никакви реквизити. Единствениот пат каде некој користел реквизит било во 1972 година,кога второпласираниот натпреварувач се појавил со пластичен чадор.