PlusPharma на Скопски Маратон

Скопје, 07 мај 2017 – Тимот на PlusPharma учествуваше и успешно ја заврши трката на Скопскиот Маратон и преку личен пример,  ја докажа заложбата за здрави спортски навики кои придонесуваат и директно влијаат на здравјето на секој поединец во општеството.

Повеќе од 30 членови на тимот на PlusPharma Аптеки беа дел од трката на 5км, додека останатите членови ги бодреа маратонците на улиците на Скопје. Заедно со повеќе 8.500 учесници од 50 држави на овогодинешниот маратон, тимот на PlusPharma (Ваш Аптекар) трчаше низ улиците на Скопје и ја заврши трката со освоено второ место во тимската трка во категорија мажи и 27 место во категорија жени.

Фармацевтскиот бренд PlusPharma во делот на социјалната одговорност  го става спортот во центарот на вниманието и дава поддршка на настани од спортски карактер, придонесувајќи за здрави спортски навики и за развојот на спортот во Македонија.

Резултати 2017:

Маратон – генерален пласман
мажи
1. Kiprotich KIRUI KEN | 2:12:59
2. Edwin Kipruto KIRWA KEN | 2:16:15
3. Samuel Kimutai KIPTUM KEN | 2:16:32
жени
1. Stellah Jepngetich | KEN | 2:33:42  (рекорд на патеката)
2. Salina JEBET | KEN | 2:44:19
3. Gladys Jepkurui BIWOTT | KEN | 2:47:06

Полумаратон – генерален пласман
мажи
1. Дарио Ивановски МКД | 1:11:27
2. Атанас Анчевски МКД | 1:14:10
3. Милош Ранчич МКД | 1:16:07
жени
1. Leila Luik | EST | 1:26:07
2. Liina Luik EST | 1:26:07
3. Lily Luik | EST | 1:26:07