PlusPharma Скопски Маратон 2018

Скопје, 06  мај 2018 –  Тимот на PlusPharma Аптеки, втора година по ред го поддржа и учествуваше на Скопскиот Маратон. И оваа година преку личен пример ја докажа заложбата за здрави спортски навики и култура на живеење кои влијаат на здравјето на секој поединец во општеството. Точно 65 учесници дел од тимот на PlusPharma Аптеки се натпреваруваа на трката на 5 километри и на полумаратонот со должина од 21 километар, додека останатите членови ги бодреа натпреварувачите на улиците на Скопје.

Овогодинешното издание на Скопски Маратон 2018, беше најмасовно досега со учество од над 10.000 натпреварувачи. Тимот на PlusPharma Аптеки успеа да го освои седмото место во конкуренција на 164 тима, меѓу кои спортски тимови од земјава. На 14-то издание на Скопски Маратон беше забележан уште еден одличен резултат, прв пат во историјата на маратонот дури 3 македонки се најдоа меѓу првите 5 на полумаратонот. Во маратонската трка вредно за одбележување е новиот Македонски Рекорд за жени кој го постави Адријана Поп Арсова, која патеката ја истрча за 3:05.04, и со тоа го освои третото место.

14-то издание на Скопски Маратон 2018, PlusPharma го поддржа и со опрема за волонтерите кои се најзначајна алка во организацијата на маратонот. Долж патеката на 40 кимометри беа распоредени стотици волонтери во зелени PlusPharma маички кои ги бодреа маратонците и им подаваа вода и храна. Брендот со оваа поддршка ги потврди вредностите за кои се залага: грижа, доверба и лично внимание.

Брендот на индивидуалните независни аптеки – PlusPharma во центарот на вниманието од својата спонзорска стратегија го става индивидуалниот спорт и дава поддршка на спортски настани од овој тип, придонесувајќи за здрави животни навики, позитивна енергија и развојот на спортот во Македонија.

Резултати 2018:

Генерален пласман

Маратон жени

1. Jedidah Wanjiru KARUNGU  (KEN)  2:51:24
2. Marija VRAJIC                       (CRO)  3:01:59
3. Adrijana POP ARSOVA         (MKD)  3:05:03

Маратон мажи

1. Evans Kipkemoi BIWOTT      (KEN)  2:14:07
2. John LANGAT                        (KEN)  2:14:58
3. Hosea Rutto KIPROTICH      (KEN)  2:28:58

Полумаратон  жени

1.Miljana RISTIKJ                     (MKD)  1:29:15
2. Amela TROZIC                     (BIH)    1:32:22
3. Silvia ŠIMUNOVIĆ                (CRO)  1:35:06

Полумаратон  мажи

1.Dario IVANOVSKI                  (MKD)  1:09:10
2. Atanas ANCHEVSKI             (MKD)  1:14:44
3. Milos RANCIC                       (MKD)  1:15:56