РОГАЧ

Рогачот е слатка и здрава замена за чоколада, какао или засладувач. Ова овошје има двапати поголемо количество калциум од какаото, не содржи кофеин и маснотии, па е одличен за оние со висок крвен притисок. Тој е богат извор на минерали како бакар, калциум, манган, калиум, магнезиум, цинк и селен, а содржи и витамини А, Б2, Б3 и Б6. Изобилува со растителни влакна, пектин и протеини. Одличен е за луѓето кои сакаат да ја намалат телесната тежина, бидејќи содржи низок процент на шеќер. Рогачот е познат по тоа што ја одржува кожата блескава и го штити видот.