КУРКУМА

Коренчето што потсетува на ѓумбир во себе крие низа неоткриени лековити моќи. Она што со сигурност се знае е дека делува терапевтски на низа патолошки состојби како заболувања на кожата, белите дробови и органите за варење. Последните истражувања тврдат дека куркумата може да замени 14 апчиња за лечење различни болки. Богата е со витамини Б6, фолна киселина, калиум, железо, манган, а изобилува и со растителни влакна. Куркумата е одлична за превенција во лето, бидејќи го спречува создавањето на меланом. Ако имате вишок килограми, несомнено ќе ви се најде, бидејќи го забрзува метаболизмот и ја подобрува дигестијата.