ШТО ВО СЛОБОДНО ВРЕМЕ?
ПРОСЛАВЕТЕ

12 Мај – Интернационален ден на медицинските сестри
Кренете чаша високо горе во име на сите оние кои неуморно и пожртвувано му го чуваат грбот на светот.

ПРОЧИТАЈТЕ

„Волшебниот Април“ од Елизабет фон АРМИН
Во лондонскиот Тајмс се појавува оглас дека еден мал италијански средновековен замок е слободен за изнајмување во април. Четири жени, со различни карактери, се јавуваат на огласот, за да избегаат од тмурниот Лондон и да уживаат на италијанското сонце. Дозволете си убавината на Италија да ве маѓепса читајќи го овој интересен и волшебен роман

ПОГЛЕДНЕТЕ

Филмот Incendies 
Филм што ќе ве освои уште од првата сцена, текот на настаните е невозможно да го предвидите, а крајот е маестрален. Ова е еден од оние филмови кои долго се паметат. Приказната се врти околу Jeanne и Simon, кои за да ја исполнат посмртната желба на мајка си, ќе мора да отпатуваат во нејзиниот роден град некаде во Средниот Исток. Таму ќе дознаат за нејзиното тажно минато и ќе откријат вознемирувачка тајна која ќе им го смени животот засекогаш.

ПРЕЗЕМЕТЕ

Мобилна апликација MyFitnessPal
Ако темата за масти на стр. 8 ве поттикна да обрнете внимание што точно консумирате, тогаш оваа апликација ќе ви биде од помош. Дизајнирана е да го брои калорискиот внес, да пресмета колку калории сте согориле и да ве мотивира со вежби. Штотуку си најдовте партнер за спортување, па што чекате?