Што вели изгледот за вашето здравје?

КОСА

ТЕСТ:Откорнете влакно од зад уши, но од внатрешноста на косата. Истегнете го држејќи го за двата краеви. Ако се скине 3 сантиметри под коренот, можно е косата да е изложена на ризик.
ПРИЧИНА: Под дејство на стрес се покачува нивото на кортизол, кој го загрозува витаминот Б12 (телото почнува да ги троши резервите од витаминот со цел да ги ублажи нуспојавите од преголемата доза кортизол). Б12 учествува во создавање црвени крвни зрнца кои, пак, обезбедуваат кислород за косата. Ако витаминот константно се исцицува од влакната, тие за кусо време ќе станат кршливи.
РЕШЕНИЕ:Контролирајте го нивото на кортизол преку ситни, но значајни промени како помалку јадење благо и вежбање 3 пати неделно.

КОЖА

ТЕСТ: Измијте го лицето наутро и прескокнете го кремот. По 1 час, притиснете хартиено шамиче меѓу двете веѓи, само неколку секунди. Повторете ја постапката еден час пред легнување. Ако зебележите доста масло на шамичето, тогаш се работи за нешто повеќе од тип на кожа.
ПРИЧИНА:Забрзаното продуцирање масло се должи на хормонски дебаланс. Екстремно масната кожа честопати е последица на вишок дихидротестостерон, кој поттикнува продукција на себум. Ако имате нередовен менструален циклус или забележувате влакна на регии како брадата, проверете ги хормоните.
РЕШЕНИЕ:Во зависност од резултатот, докторот ќе ви препише соодветни лекарства, тоа најчесто се контрацептивни средства или спиронолактон – диуретик кој го регулира високиот крвен притисок, но дерматолозите го даваат поради тоа што ја блокира продукцијата на тестостерон.

НОКТИ

ТЕСТ:Нанесете лак што поблиску до кутикулата и набљудувајте го растењето на ноктот. Почекајте еден месец, па направете споредба со помош на израснатиот дел. „Студиите покажуваат дека здравите нокти растат 3,5 милиметри во период од 30 дена“, вели дерматологот Дана Стерн.
ПРИЧИНА:Бавниот раст на ноктите најчесто се должи на слаба циркулација. „Не е вистина дека ноктите треба да дишат преку површината, тие се снабдуваат со кислород и хранливи материи преку крвта“, објаснува доктор Стерн. Слабата циркулација може да се должи на седечкиот начин на живот или склоност на артериите да контрахираат под влијание на стрес или студ.
РЕШЕНИЕ: Освен задолжителна спортска активност, во вашиот животен стил треба да вклучите масажа на дланки со цел да поттикнете циркулација.

ПОДОЧНИЦИ

ТЕСТ: Дозволете си 8 часа сон во текот на викендот, ако во понеделник наутро повторно се разбудите со темни кругови околу очите, тогаш време е да го промените начинот на исхрана.
ПРИЧИНА:Темните кругови може да бидат симптом за анемија. Ако повеќе имате проблем со отоци, тогаш обвинете го натриумот во храната. Телото ја задржува водата, особено под очите, ако претерате со солениот избор.
РЕШЕНИЕ:Ако сте анемични, недостигот на железо се решава со суплементи и со мени кое ќе изобилува со минерали – броколи и зелени листови. За подуените ќесички – брзото одење или скокање ќе поттикнат лимфна дренажа и ослободување на вишокот течности.