Кога гладот напаѓа
Модерната и здрава замена за чипс гласи суво овошје. Но, колку овој сладок деликатес е безбеден?

Исто како и свежото, така и дехидрираното содржи витамини кои делуваат како антиоксиданти. Но, поради недостигот на вода, составот е далеку поконцентриран. Тука мислиме на растителните влакна, кои колку и да се добри, може да предизвикаат подуеност и грчеви. Сувото овошје содржи и повеќе шеќер, што значи и повеќе калории. Дури и незасладеното суво овошје содржи шеќери кои во големи количества тешко се преработуваат. Сулфатите(вообичаенконзерванс) знаат да предизвикаат главоболки и дијареја. Ако го јадете во умерени дози, сувото овошје со сигурност ќе ве одвлече од помалку хранливите ужини. За да не ја изедете цела ќесичка, купувајте од оние зачинети со чили.

Мудри залци…
…за сувото овошје да не го вознемири стомакот

ПИЈТЕ ВОДА
Како катализитори на дигестијата, растителните влакна за кусо време ќе ве одведат во тоалет. Но, ако сте дехидрирани, тие ќе ја впијат секоја течност во организмот. Резултатот? Констипација.

ДЕФИНИРАЈТЕ ГИ ПОРЦИИТЕ
Раздвојте го овошјето во различни кутии, по две парчиња од големите овошја (кајсии, праски, јаболка) и две супени лажици за ситните (малини, капини, брусница). Кесата однесете ја во кујна.

ВНЕСЕТЕ ПРОТЕИНИ
Кога омилената ужина ја комбинирате со протеини или некој извор на масти, како јатки или грчки јогурт, со сигурност ќе ги задоволите сетилата, па помали се шансите да претерате со шеќерните опции.