Што во слободно време? – Прочитајте некоја книга од едицијата за ментално здравје

Ако човек истрае во чистотата на своите мисли, радоста ќе го следи како неговата сопствена сенка!

Можеби никогаш порано во историјата на цивилизираниот човек, примената на принципите на менталната хигиена во секој дел на индивидуалниот и заедничкиот живот, не била толку важна како денес. Трескавичното темпо на живот создава голема нервоза и напнатост. Здравото живеење на ова брзо време на глобално војување бара нервна и ментална рамнотежа и капацитет за прилагодување како никогаш порано. Откријте како да го зачувате и подобрите своето ментално здравје!