GRIPOBLOCK JUNIOR

При настинка и грип

Ја намалува телесната температура
Ја намалува болката
Го олеснува дишењето
Без шеќер
Со вкус на лимон

Што претставува ГРИПОБЛОК ЈУНИОР и за што се употребува?
ГРИПОБЛОК ЈУНИОР е наменет за ублажување на симптомите на настинка и грип. Наменет е за деца од 6 до 12 годишна возраст. краткотрајно ги ублажува симптомите на силна настинка и грип, вклучително и главоболка, болка во грло, синузитис и други болки.

Лекот содржи 3 активни супстанции:
Парацетамол – припаѓа во групата на аналгетици (ја намалува болката) и антипиретици (ја намалува телесната температура кога имате треска).
Фенилефрин-хидрохлорид – е симпатомиметички деконгестив кој го прочистува затнатиот нос и синусите и го олеснува дишењето.
Аскорбинска киселина – која е честа состојка на лековите кои се употребуваат за намалување на симптомите на грип и настинка. Помага да се надополни витаминот Ц, кој вообичаено се губи во почетните фази на грип и настинка.

Како се употребува ГРИПОБЛОК ЈУНИОР?
Овој лек употребувајте го на начин кој што е опишан во упатството или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Советувајте се со Вашиот лекар доколку не сте сигурни како да го употребите лекот.

Препорачана доза:
Деца од 6 до 12 годишна возраст:
Една ќесичка 3/4 пати дневно на интервали од 5-6 часа. Не го употребувајте овој лек на интервали пократки од 4 часа; дневна доза не смее да надмине 6 ќесички (1.8g парацетамол).

Пациенти со ренални нарушувања
Интервалот помеѓу индивидуалното администрирање на лекот не треба да изнесува помалу од 8 часа.

Деца под 6 годишна возраст.
Овој лек не се препорачува за деца под 6 годишна возраст, освен ако е препишан од лекар.

Начин на употреба:
Содржината на ќесичката се раствара во чаша жешка вода и потао добро се промешува за да се добие хомоген раствор. Лекот не смее да се зема подолго од 7 дена во континуитет, без претходен медицински совет. Доколку симптомите опстојуваат и по неколкудневно земање на лекот, побарајте совет од вашиот доктор и престанете со употреба на лекот ГРИПОБЛОК ЈУНИОР.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството!
За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт!