храна – Аптеки PlusPharma

Како и кога ги комбинирате оброците при спортување е важно!
Сакате да видите резултати од вежбањето? Тогаш почнете од оброците, таму ви се потребни промени. За физичка трансформација е неопходно горивото што ви го дава храната, но уште поважно е кога да го наточите.

Нема поента да се трудите да постигнете оптимален баланс на хранливи материи, ако истите ги консумирате во погрешно време. Затоа, почекајте два или три часа после главниот оброк пред да појдете на вежбање. Ужините се нешто сосема друго, нив можете да ги консумирате 30 до 40 минути пред тренингот.

Дали секој тип тренинг подразбира различно мени?

„Не размислувајте премногу“, советува Кевин Керел, нутриционист за перформанс во Англискиот институт за спорт. „Балансот помеѓу протеини, јаглехидрати и масти е неопходен, без разлика што ќе вежбате подоцна.“ Предлог: парче лосос, кафен ориз и зеленчук во прилог. Не заборавајте, јаглехидратите се клучни. „Тие ги снабдуваат мускулите со гликоген – шеќер што ви помага да го одршите интензитетот додека вешбате“, вели Керел. Закажавте сесија потење? „Во тој случај имајте предвид дека ќе согорите доста гликоген, затоа внесете каква било житна култура.“ Но, стојте настрана од скробот ако кревате тегови.

Дали е добро да се вежба гладен?

Нема консензус по ова прашање. Теоријата вели дека доколку резервите за храна се празни, особено ако има недостиг на гликоген за мускулите, телото како гориво ќе почне да ги користи резервните масти. Но, тоа е само теорија. Ако трчањето на празен стомак функционира за вас, бидете претпазливи. Голема е веројатноста мускулите да се склони на повреди кога вежбате изгладнети, бидејќи не ги надополнивте резервите на гликоген. Заклучок? Не е пожелно да вежбате со тегови кога сте гладни и заборавете дека ќе успеете да формирате мускули на празен стомак.

Што треба да јадам после вечерно вежбање?

„Протеините се есенцијални, бидејќи ги поттикнуваат аминокиселините кои се основните градбени елементи на мускулите“, вели нутриционистот Кевин Керел. Целете кон минимум 30 грама пилешко, риба, јајца или протеин од растително потекло, како тофу. Јаглехидратите се важни од две причини: прво, на мускулите им е неопходна гликоза за да го надоместат гликогенот што се согорува додека вежбате. Второ, со цел да ги транспортира протеините до мускулите, на телото му е потребен инсулин за кој е потребна гликоза за да се излачи, а гликозата, пак, ќе ја добиете внесувајќи јаглехидрати. На пример, ќе ви требаат повеќе јаглехидрати после трчање на стаза или трака за вежбање. Потребата за храна доцна во ноќта честопати се раѓа од стрв. Во тој случај, гладен е мозокот, а не стомакот. Ако сте претерале со вежбање и покрај сигналите на телото дека е доста, голема е веројатноста во организмот да се излачи хормонот на стрес – кортизол, кој поттикнува глад. Решението лажи во свесното јадење, почнувајќи од внимателно одбирање на храната, па се до аналитично џвакање и голтање на секој еден залак. Пред да се фрлите на јадење, запрашајте се како се чувствувате во моментот.

Дали навистина сте гладни или само уморни?

Истражувањата покажуваат дека свесното јадење значајно го покренало чувството на ситост кај луѓето после оброк. Скорешната студија на магазинот Emotion сугерира дека колку посвесно јадете, толку поретко ќе потпаднете на некое шеќерно искушение.

Колку време пред тренинг е пожелно да се јаде?

Вискомасната храна пред тренинг е крајно непожелна, бидејќи предизвикува тегоби во стомакот. Истото важи и за храната богата со растителни влакна, бидејќи поттикнува гасови.

Заборавете на чоколада или бадеми, за ужина пред тренинг најдобра опција е банана.

The post Како и кога ги комбинирате оброците при спортување е важно! appeared first on Аптеки PlusPharma.

Пита со пилешко, печурки и праз
Потребни состојки:

50 г путер

3 страка праз, ситно сечкан

1 гранче мајчина душица

100 г печурки

5-6 парчиња пилешки стек исечкан на коцки

30 г брашно

малку бело вино (по избор)

300 мл пилешка супа

500 мл неутрална павлака (хопла)

1/2 цеден лимон

готово тесто за пита или лиснато

Подготовка:

Загрејте го путерот во плитка тава и ставете го празот да се пржи на тивок оган и зачинете со мајчина душица. Додајте ги печурките и пржете уште 5 минути, а потоа малку засилете го огнот. Додајте го месото и пржете го додека да порумени, а потоа разнесете го брашното врз смесата и гответе уште 2 минути постојано мешајќи.

Сипете малку вино по вкус и пржете уште 1 минута. Сипете ги сокот од лимон, хоплата, зачините и штом почне смесата да се згуснува тргнете ја тавата од оган. Расукајте го тестото во кора со која ќе го обложите огноотпорниот сад за питата. Сипете го месото, а озгора поклопете ја питата со уште една кора свиткана на краевите. Премачакјте ја кората со жолчка од јајце.

Печете на 200 степени околу половина час додека питата порумени.

The post Пита со пилешко, печурки и праз appeared first on Аптеки PlusPharma.

ЦРЕВНИ ИНФЕКЦИИ
Повраќањето и другите проблеми со гастроинтестиналните патишта и цревните инфекции почесто се појавуваат во текот на летото, бидејќи храната која се чува на високи температури полеснo се контаминира.

Причини за повраќање

Повраќањето е секогаш знак дека нешто се случува со организмот. Причините за овие симптоми можат да бидат различни, а најчесто се работи за вирусни, поретко бактериски инфекции (салмонела и стафилокок), хемиска или друга интоксикација. Може да е поврзано со други здравствени состојби, како што се главоболки, абдоминални процеси, настинки, гушоболка. Повраќањето често,  речиси секогаш, го следи пролив, а честопати и висока телесна температура.

Вирусни предизвикувачи на гастроентерити

За развојот на норовирусните (Noro-virus) инфекции потребно е многу мал број вирусни честички, Toj e познат по предизвикување на епидемии на гастроентеритиси. Иако најчесто вирусите кои се одговорни за појава на вирусни гастроентерити се почести во зимскиот период, во текот на летото најчесто се појавуваат инфекции со Норовируси од семејството Caliciviridae, за кои се смета дека предизвикуваат дури 50 проценти од гастроинтериите инфекции предизвикани од храна. Норовирусите ги зафаќаат сите лица, независно од животниот век, кои се пренесуваат со фекално контаминирана храна и вода, преку непосреден контакт со заразениот човек или капков пренос на вирусот и последична контаминација на разни површини.

Во вирусните гастроентерити често се присутни  инфекции  и со Адено-вирус и Рота-вирус, иако нивната застапеност е пониска во споредба со Норо-вирусите во лето.

Клиничка слика и лекување

Норо-вирусите предизвикуваат симптоми како што се: мачнина, повраќање, грчеви во стомакот, температура, болки во мускулите и исцрпеност. Болеста започнува ненадејно, 24 до 48 часа по влезот на вирусот во организмот, иако симптомите можат да се појават веќе 12 часа по експозицијата. Траењето на гастроентеритот е кратко, неколку дена, но вирусот е активен во столицата уште месеци, а со тоа може да претставува опасност за зараза на околината. Епидемиолошките и клиничките искуства укажуваат на тоа дека децата многу почесто повраќаат од  возрасните лица.

Ентеровирусите најчесто предизвикуваат инфекциии на местата на умерена клима, и тоа вообичаено кон крајот од летото и почетокот на есента. Разликуваме седумдесет видови на ентеровируси кои предизвикуваат голем број заболувања, чии симптоми се рангираат од мали до животно загрозувачки. Најчести жртвите на ентеровирусите се деца во возраст од 4 до 12 години. Заразата најчесто се шири преку нечисти раце, но не може и да се прошири и преку заразена вода или застојна вода како базен.

Симптоми на ентеровирозата се: зголемена телесна температура која трае неколку дена, повраќање и пролив, појава на болни афти или ранички по мекото непце, а може да се појават и мали меурчиња на рацете и нозете. Потешките форми дури може да бидат проследени со развој на вирусен менингитис, плеуродинија, сè до развој на енцефалит.

Основата  на лекување на гастроентеритисот е надоместување на загубените течности и електролитите и консумирање на поедноставна, лесно сварлива храна. Масна, тешка, пржена и слатка храна треба да се избегнува, како и сите производи од млеко, со исклучок на пробиотички производи. На лицата кои не можат да примаат течност на уста заради мачнина, чести повраќања (особено мали деца), им треба медицинска грижа и надоместување на течности преку интравенски пат. Антибиотска терапија кај вирусните инфекциите, но и кај лесен облик на инфекција со салмонела не се препорачува, бидејќи може да ја продолжи болеста и да предизвика хронична состојба, а кај вирусни гастроентеритиси таа нема никакво влијание.

Бактериски предизвикувачи на гастроентерити

Високите температури претставуваат погодно милје за размножување на бактерии во храната, а некои видови на храна се исклучително соодветни за нивно ширење. За разлика од причинителите на гастроентеритисот во зима, во текот на целата година, најчести предизвикувачи се бактериите.  Првенствено се однесува на бактериите од родот салмонела кои ги откриваме низ целиот свет кај луѓето, животните и околината. Тој микроорганизам влегува во организмот преку дигестивниот систем, а за развој на болести кај здрави лица потребен е голем број колонии, па затоа инфекцијата обично настанува како резултат на големиот внес на храна каде што бактеријата е во големи концентрации. Производи на млечна база, кремасти колачи и друга храна која содржи недоволно термички обработувани јајца, потоа шлаг, недоволно измиено овошје и зеленчук, како и термички необработено пилешко и мелено месо може да се контаминирани со салмонела. Уште еден важен предизвикувач на бактериска контаминација на храната во текот на летото е златниот стафилокок, т.е. Staphylococcus aureus. Во храната навлегува преку контакт со кожа или слузница на колонизирани лица при подготовката на храната, а неговиот  ентеротоксин е отпорен на загревање и кратка термичка обработка.

Важни совети за спречување на инфекции

Контаминираната храна најчесто има нормален изглед, мирис и вкус. Поради тоа, клучот на превенцијата е да се спречат бактериите да влегуваат во храната и да се размножуваат  за да се спречи инфекција. Најважниот чекор во превенција е хигиената на рацете.

Добро треба да се одмива овошјето и зеленчукот, треба да се исчистат и работните површини и додатоците за јадење. Преработените продукти од, месо и јајца треба добро да се обработат, а рибата треба да се подготви свежо. Храната треба да се подготви за готвење пред консумирањето и  да не се чува надвор од ладилникот. Вода од непознато потекло треба да се избегнува, Соодветна  хигиена и сите наведени постапки и понатаму се главни средства за борба против инфекции во текот на летото и раната есен.

Постапки со болно дете

Често и обилно повраќање, особено ако по него следи пролив и температура, брзо доведува до губење на течност или дехидрација.  Децата во овие состојби одбиваат храна и течности. Потребно е да се  надомести губитокот на течностите, што подразбира внесување на која било течност којашто детето ја прифаќа, со давање на мали количини на течност, на кратки временски интервали. Пожелно е да му се понуди и цврста храна, односно она што го сака детето. Треба да знаете дека земањето храна не ја загрозува здравствената состојба на децата, тие не е потребно да се ставаат на ригорозни диети.

The post ЦРЕВНИ ИНФЕКЦИИ appeared first on Аптеки PlusPharma.

Конзервирање на храна за претстојниот зимски период
Овошјето, зеленчукот и нивните преработки претставуваат еден од најбогатите извори на витамини, минерали, фитонутритиенти, растителни влакна, ензими, а нивното консумирирање во доволни количини е еден од основните принципи за здрава и правилна исхрана. Тие се најбогати со хранливи материи доколку се консумираат свежи.

Конзервирањето како добра алтернатива

Да се јадат свеж и разновиден зеленчук и овошје во текот на зимскиот период е тешко изводливо со оглед на слабата застапеност, односно  ограничениот  избор на свежи плодови во овој период од годината. Познато е дека нивната трајност може да се продолжи со конзервирање.Иако од нутритивен аспект предност секогаш имаат свежиот зеленчук и овошје, сепак, со правилно конзервирање се одржуваат и подобруваат некои нутритивни и органолептички својствана намирниците, се спречува нивно расипување и деградација и се продолжува рокот на траењеи употреба.

Конзервирањето на овошјето и зеленчукот во индустриски услови е стандардизирано и произведено во контролирани услови,а од друга страна пак, во домаќинствата,овошјето и зеленчукот се конзервираат по стари, проверени рецептури.Конзервирањето на храна е познато од дамнешни времиња кога луѓето откривале различни начини за зачувување на храната подолг временски период. Во минатото било неопходно зеленчукот и овошјето да се подготвуваат за зимските месеци, кога гинема во природата.Со денешниот развојна  технологијата на конзервирање, индустриски конзервираната храна е достапна во текот на целата година, како и свежиот зеленчук и овошје.Конзервирањето на храната има голема важност во исхраната затоа што овозможува во текот на целата година да консумираме храна богата со минерали, витамини и други корисни состојки. Домашните зимници и конзервиран зеленчук се неизоставен дел од исхраната за време на зимскиот период.Правилно подготвена зимница е уште еден облик на здрава храна со што со малку труд ќе си овозможите во ладните зимски денови на својата трпеза да ги имате летните и есенските плодови.Притоа,од особена важностза конзервирање е да се одберат здрави и зрели плодови,бидејќи таквите плодови не се само атрактивни со својот изглед, туку имаати максимална нутритивнавредност.Иако се смета дека конзервираната храна има помалку хранливи материи од свежата, треба да се има предвиддека процесот на конзервирањенезначително влијае врз протеините, јаглехидратите и мастите, какои врз витамините растворлививо масти (A, D, E и K). Но, поради фактот што некои методи на конзервирање вклучуваатповисоки температури, количината на некои витамини растворлививо вода (како C и B-комплекс) може значително да се намали.

Со правилно конзервирање се одржуваат и подобруваат некои нутритивни и  органолептички својствана намирниците, се спречува нивно расипување и деградација и се продолжува рокот на траењеи употреба.

Методите на конзервирање се делат на:

·       физички – храната се конзервира по пат на примена на високи или ниски температури и сушење

·       хемиски – со додавање на адитиви (конзерванси) – сол, шеќер, оцетна киселина, етил алкохол, сулфуреста или бензоева киселина, сорбинска киселина

·       биолошки (природни) – примена на култури на микроорганизми. Најпозната метода е киселење на зелката

Како методи на конзервирање на храна во домашни услови најчесто се користат биолошки (киселење и ферментација), термичко конзервирање (пастеризација и стерилизација), замрзнување, димење и сушење.

Биолошко конзервирање

Биолошкото конзервирање се заснова врз принципот на контролирана примена на  култури на поедини микроорганизми кои преку својата активност (произведена млечна киселина) создаваат неповолни услови за развој на микрорганизми одговорни за расипување на храната, истовремено оплеменувајќи ја храната во која се додадени. Овој метод е еден од најстарите, се користи одамна, најчесто за да се зачува хранливата вредност на зеленчукот, да се превенира негово расипување и да биде достапно во текот на целата година.Постојат два начина на киселење: киселење во оцет, каде што малку бактерии можат да преживеат, и во солена вода каде солта спречува раст на бактерии одговорни за расипување на храната првите неколку дена, односно има улога да ја потпомогне ферментацијата (додека не се создаде доволно млечна киселина) со што ќе се конзервира зеленчукот во текот на одреден временски период. Најчест пример за овој тип на конзервирање е киселењето на зелката. Освен фактот што важи за вкусна намирница, киселата зелка претставува вистинска ризница на здравје која го чува имунитетот за време на зимскиот период. Биолошко конзервираниот зеленчук има значајна улога во исхраната поради својата нутритивна вредност (витамини, минерали, каротеноиди, флавоноиди, растителни влакна), како и поради исклучителните органолептички својства (вкус, мирис, боја). Зеленчукот добиен со биолошко конзервирање не ги губи нутритивните својства, а некои од нив дури се и подобрени.

Пастеризација и стерилизација

Кај термичкото конзервирање, намирниците се изложени на дејство на високи температури со цел уништување на микрооорганизмите кои предизвикуваат расипување.

Колку е повисока температурата, толку поголем број имаме на уништени микроорганизми. Како методи на термичка обработка се применуваат пастеризација и стерилизација на намирниците. Пастеризацијата е постапка каде храната се загрева одреден временски период на температура од 65-90 степени. Пастеризацијата во домашни услови најчесто ја користиме за зачувување на овошје и зеленчук. Особено е погодна за конзервирање овошни сокови. Стерилизацијата претставува метода на конзервирање со што при температура повисока од 100 степени се уништуваат сите микроорганизми вклучувајќи ги и спорите. Овошјето, обично, се стерилизира на температура од 100 степени. Во домашни услови стерилизацијата се постигнува со варење.На овој начин, најчесто се приготвуваат компоти. Од нутритивен аспект, при темичка конзервација, поради високите температури имаме значителна загуба на витамини, особено на оние растворливи во вода (Ц и Б комплекс).

Замрзнување

Конзервирање на храната со замрзнување се темели на фактот дека на ниски температури се стопираат хемиските, биохемиските и микробиолошките процеси. Длабокото замрзнување претставува наједноставен и најбрз начин на чување на намирниците. Од нутритивен аспект е од огромно значење, бидејќи со замрзнување имаме најголема задршка на хранливите материи, како  на хидросолубините витамини (Ц и Б комплекс), така и на поделикатните минерали. Пред подготовка за замрзнување потребно е некои видови зеленчукда се бланшираат. Доколку сакате храната да ја држите подолг временски период во замрзнувач (повеќе од 6 месеци) пожелно е да се користат стаклени садови или вакуумско затворање на ќесичките, со што намирниците ќе се заштитат од дехидратација и оксидација.Обезбедувањето на зеленчук за зима со замрзнување е многу успешен начин на конзервирање.Екстремно ниската температура го запира растот на микроорганизмите и ги забавува промените кои водат до расипување на храната. Квалитетот на замрзнатиот зеленчук и овошје зависи од квалитетот кога е свеж – колку се посвежи и позрели зеленчукот и овошјето, особено ако се дојдени директно од градина, најдобри се за замрзнување. Зеленчук замрзнат веднаш по берење има голема хранлива вредност. Оптимална температура за складирање на замрзнат зеленчук е -18 степени и трае до 1 година. Кога се купува готов замрзнат зеленчук треба задолжително да се читаат декларациите на самиот производ. Корисно е да се напомене дека  одредени видови на  зеленчук и овошје не се замрзнуваат (марула, краставица, цвекло,компир,диња, лубеница,лимон, портокал итн.) освен ако не се користат за готвење или за сок.

Корисни совети за квалитетна зимница

·      Плодовите овошје и зеленчук употребени за зимница треба да бидат зрели, здрави и неоштетени, а пред употреба добро исчистени и измиени.

·      Садовите и приборот кои се користат за подготовка треба темелено да се измијат, а теглите и шишињата пред употреба да се стерилизираат (да се стават во рерна и на температура од 100 степени да отстојат десетина минути).

·      При подготовка на зимницата во овошјето и зеленчукот немојте да додавате преголеми количини на шеќер, сол и оцет, а немојте и подолго термички да го третирате со цел да се сочуваат што е можно повеќе хранливи состојки (витамини, минерали…).

·      Исечканото и пасирано овошје не треба да стои подолго време бидејќи ја губи хранливата вредност и арома.

·      Прегледајте ги стаклените тегли и садови пред да започнете со подготовка на зимницата, затоа што и најмалата пукнатина е доволна садот или теглата да пукне кога во неа се става врелата содржина.

·      За да спречите пукање на теглите при полнење на врелата содржина под теглите ставете влажна крпа.

·      Просторијата во која се складира зимницата треба да биде сува, ладна и темна.

The post Конзервирање на храна за претстојниот зимски период appeared first on Аптеки PlusPharma.

АДИТИВИ ВО ХРАНАТА
Како последица од развојот на прехранбената технологија и потребата одредено количество храна да се сочува подолг период, како и поради зголемените барања на потрошувачите, прехранбената индустријапостојано се приспособуваше нудејќи храна со нови сензорни својства, нов изглед, подолги рокови на траење, нови вкусови и сл.

За да се постигне подобар вкус, поубав изглед, мирис, поголема трајност во подготовката на храната, отсекогаш се користеле адитиви за таа намена. Тоа е дел од прехранбената култура. Изборот на додатоците бил плод на искуството, традицијата, фантазијата и начинот на соработка со природата. Значајна улога во тие креации имаа, а сè повеќе и денес имаат разни додатоци на храната кои ги нарекуваме адитиви. Денес, додатоците во храната се идентификувани преку е-броеви, а прехранбената индустрија го презеде монополот над дефиницијата што се прехранбени адитиви.

Што се адитиви?

Адитиви се супстанции со познат хемиски состав кои самостојно не се консумираат, не се типична состојка на храната, по правило се без нутритивни вредности, но се додаваат во храната со цел да се подобрат технолошките и сензорните својства. Адитивите се додаваат во храната, во технолошката постапка при производството, при подготовката, обработката, преработката, формирањето на пакувањето, транспортот и чувањето. Поради тоа што не се природна состојка на храната, носат одредени здравствени ризици доколку се надмине дозволеното дневно внесување. Адитивите го изедначуваат квалитетот на производот, овозможуваат консумирање на сезонска храна во текот на целата година, го продолжуваат рокот на траење. Адитивите овозможуваат некоја намирница да добие особини, вкус и квалитет кои не и се својствени. Со адитивите, на пример: чипсот добива вкус на кечап или арома на дим, обичната вода станува газирана напивка , мешавината од растителни масти и скроб станува топено сирење, лебот и белите печива со додавање адитиви за растење на тестото стануваат „воздушести“, белиот леб станува „црн“, месото на полиците на фрижидерот има убава црвена боја и свеж изглед – а вакви примери има многу. Покрај синтетички добиените адитиви, постојат и адитиви од природно потекло, како што се природни бои, витамини, растителни влакна, ензими. Познати се околу 300 адитиви и преку 3500 нивни соединенија.

Е-броеви

Со оглед дека се наоѓаме во шума од информации, препознавањето на адитивите се одвива преку е-броеви кои претставуваат општо прифатена ознака низ целиот свет.

Е-броевите овозможуваат полесно означување и препознавање, како и потврда за токсиколошката евалуација и класификација на адитивите.

Бидејќи адитивите се поделени во неколку групи, постојат одредени правила за нумерирање кои ви ги претставуваме:

·   бои – 100-181;

·   конзерванси – 200-285 и 1105;

·   антиоксиданти – 300-340;

·   регулатори на киселоста – се означуваат со различни броеви;

·   згуснувачи/емулгатори – 322, 400-499 i 1400-1451;

·   супстанции за спречување на згрутчување – 550-572;

·   засилувачи на вкус – 600-650;

·   супстанции за полирање – 900-910;

·   супстанции за засладување – 420, 421, 950-970.

Прехранбени адитиви – додаток или недостаток во исхраната

Адитивите во исхраната не може во целост да се избегнат, но може де се ограничи нивното внесување. Треба почесто да се употребуваат свежи намирници без адитиви (овошје, зеленчук, житарки, леќа, грав, сосови кои сами ги приготвувате), а употребата на хемиски и индустриски процесирана храна полна со адитиви да се сведе на минимум. Индустриското производство на храна без адитиви не е возможно, дури ги има и во еколошки произведената храна. Иако адитивите денес ни овозможуваат поголема сигурност на производот во технолошка смисла, некои од нив не ги следи добар глас и може да му наштетат на човековото здравје. Токму поради тоа, потрошувачите сè повеќе се информираат за тоа што внесуваат со исхраната, особено оние кои имаат одредени здравствени проблеми.

Адитивите се нужно „зло“, кои ги подобруваат изгледот и вкусот на храната, но не го подобруваат нејзиниот квалитет.

Зошто треба да се обрне внимание на етикетата на производот?

Единствениот начин да контролирате и донекаде да балансирате што внесувате во вашиот организам, е внимателно да ја читате декларацијата за составот на производот. На тој начин, ќе можете да видите колку адитиви има и кои се тие адитиви, за да можете да ги избегнете оние кои се непотребни, кои би предизвикале несакани реакции (алергени) или да одберете производи кои содржат минимално количество адитиви. За жал, на потрошувачот, поради неправилно или непотполно декларирање на состојките во производот, често напишано со многу ситни букви, му се скратува правото на вистинска информација за тоа што купува и што консумира.  Секако, не очекуваме да носите попис на е-броевите во паричникот, но, сепак, обрнете внимание при следната посета на маркетот.

Адитиви во детската чинија

Кога станува збор за децата и намирниците кои ги консумираат, доаѓаме до заклучок дека е тешко да ги изолираме од потрошувачката пропаганда и во целост да ги заштитиме од штетните состојки на одредени намирници. Нереално е да очекуваме сите слатки да ги замените со овошје и секојдневно да правите домашни колачи од проверени состојки. На децата најпривлечна им е храната со изразени специфични вкус и мирис, со живописни бои и со интересни неприродни форми, главно, храна полна со адитиви и со вештачки додатоци. Од друга страна, консумирањето на таква храна има голема енергетска вредност, изобилува со шеќери и масти, што најчесто доведува до дебелина, затоа што внесувањето калории е во дисбаланс со потрошената енергија. Затоа, родителите треба да посветат внимание при купувањето намирници за деца, задолжително да ги читаат декларациите, составот и хранливата вредност. Конзервираната храна и намирниците со продолжен рок на траење или намирниците за кои знаеме дека содржат голем број адитиви, треба да ги избегнувате, а ова особено важи кога станува збор за децата. Посебно внимание посветете на намирниците кои никако не се препорачуваат за деца и кои може да го нарушат нивниот кревок имун систем. Вие, како родители, имате избор. Затоа, изберете мудро. Важно е секогаш да имате на ум дека на децата им формирате навики за исхраната кои ќе важат за цел живот. Научете ги вашите деца да се хранат здраво, но исто така научете ги и дека здраво, не значи и невкусно. Користењето свежо овошје и зеленчук, готвењето дома, избегнувањето готова или полуготова (конзервирана) храна и едукацијата на децата од најрани денови дека нема потреба за често консумирање индустриски слатки и „грицки“, се добри мерки за заштита на здравјето на децата.

Освен децата, посебно чувствителни се и старите луѓе чиј имун систем нема толку сила да се избори со сите насобрани адитиви во телото. Јасно е дека адитивите денес во прехранбената индустрија се неизбежни. Тие ја прават храната примамлива, долготрајна и предизвикуваат кај нас исклучителна желба за нејзино внесување. Незамисливо е на кои сè намирници би морале да заборавиме ако во нив ги нема адитивите. Адитивите не можеме да ги избегнеме во целост. Она што можеме, е да се едуцираме за тие кои се најштетни и да пробаме да ги избегнеме кога е возможно.

The post АДИТИВИ ВО ХРАНАТА appeared first on Аптеки PlusPharma.

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА ВО ЗИМА
Зимата претставува период карактеристичен за зачестена појава на настинки и грип, кашлици, бронхитис и други респираторни заболувања. Различните отежнувачки околности, како што се студеното време, кратките зимски денови, загадениот воздух, недостатокот на сончева светлина, доведуваат до тоа сè помалку време да поминуваме надвор, помалку да сме физички активни, да сме енергетски послаби, меланхолични и многу повеќе склони кон вирусни и бактериски инфекции поради намалениот имунитет.Нашиот организам мора да се навикне на овие услови, а за тоа правилната и здрава исхрана е од огромно значење.

Здравата исхрана нуди одлична превенција за време на зимскиот период. Секако, здравата исхрана не може да делува „преку ноќ“ или кога првите знаци на слабост на имуниот систем веќе се појавени. Само добро избалансирана, редовна и здрава исхрана на подолг временски период може значително да го подобри имунолошкиот систем на организмот.Како што е веќе познато, здравиот имунолошки систем е еден од основните предуслови за добро здравје. Затоа, правилната и здрава исхрана надополнета со умерена  физичка активност и со редовен сон се главни предуслови за јак имун систем кој во зимскиот период може да нè заштити од бактериските и вирусните инфекции,односно да го минимизира нивното времетраење кога ќе се појават.

Која храна треба да се консумира во зимскиот период?

Зимата е годишно време во кое треба да се посвети особена важност на исхраната, со цел да одржиме добро здравје. Исхраната во зимскиот период мора да биде избалансирана и внимателно осмислена. За жал, намалената понуда на разновидно свежо овошје и зеленчук во зимскиот период, ниските температури и празничните гозби можат сериозно да наштетат на балансот на организмот и дополнително да го ослабнат нашиот имун систем. Поради сето ова, исхраната  во зимскиот период  мора повеќе од кога било да биде избалансирана и здрава.

Добро е да се спомене дека овој период, освен дополнителни калории, на нашиот организам потребни му се и дополнителни витамини, микро и макроелементи, протеини, сложени јаглехидрати, есенцијални масни киселини.

Во избалансираната исхрана во зимскиот период пожелно е да бидат застапени намирници богати со витамините Ц, Д, А, витамините од Б комплексот , минералите цинк и селен, доволно внесување вода, како и храна богата со пробиотски култури (корисни бактерии). Тоа подразбира трпеза богата со свежи зеленчук и овошје, интегрални житарки, мешунки, јаткасти плодови, јајца, риба, посно месо, ферментирани млечни производи (кефир, кисело млеко, јогурт) и ферментиран зеленчук (кисела зелка, туршија).

Храна богата со витамин Ц

Постојат безброј студии кои ги потврдуваат важноста и улогата на витаминот Ц во јакнењето на имунитетот и неговата силна антиоксидантска моќ. Овој ефект, пред сè, се должи на неговото синергистичко дејство со речиси сите витамини и минерали во организмот. Поради високата содржина на витамин Ц и на биофлавоноиди, во текот на зимскиот период од особена важност е да се консумира цитрусно овошје (лимон, портокал, мандарина, цитрон), како и киви, ананас и јаболко. Од свежиот зеленчук достапен во зимскиот период и богат со овој витамин, препорачливо е консумирање зелка (особено кисела), брокола и најголем дел од зелениот лиснат зеленчук (кељ, спанаќ, блитва…) На крај, но не и најмалку важна, туку напротив, би ја споменале шипката и чајот од овој плод, како најбогат извор на витамин Ц на ова поднебје.

Храна богата со витамин Д

Витаминот Д делува моќно во превенција и лекување на многу заболувања. Голем број научни студии покажаа дека овој витамин двојно го намалува ризикот од рак на дебелото црево, градите и јајниците. Ја ублажува депресијата, го зајакнува имунитетот и превенира настинка и грип. Нашиот организам може сам да го синтетизира, за што му е потребна сончева светлина, која, за жал, недостига во зимските месеци. Во намирниците застапен е во масните морски риби (лосос, туна), јајцето (во жолчката), телешкиот џигер, млекото, печурките.

Сонцето е најдобриот природен извор на витамин Д и поради недоволната изложеност  во текот на зимскиот период, препорака е да се консумира токму храна богата со витамин Д или тој да се обезбеди преку дополнително, односно суплементарно внесување.

Храна богата со витамин А

Витаминот А, односно бета-каротинот како негов провитамин, претставува одличен антиоксидант кој ја зголемува отпорноста на организмот од вирусни и бактериски инфекции, што е од особена важност во зимскиот период . Намирници кои го содржат овој витамин се: тиква, морков, сладок компир, портокал, спанаќ, брокола.

Храна богата со витамини од Б групата

Витамините од Б групата позитивно делуваат на метаболизмот, ја одржуваат виталноста на организмот, го јакнат имунитетот, позитивно делуваат против стрес и депресија. Во намирниците најзастепени се во интегралните житарки, мешунките, јаткастите плодови (особено во костенот), банана, спанаќ, кељ.

Храна богата со цинк

Цинкот претставува минерал кој се грижи за зачувување и зајакнување на имуниот   систем. Освен што влегува во голем број ензимски реакции во организмот, тој докажано го намалува времетраењето на настинката и ги уништува вирусите, поради што од особена важност е внесувањето храна богата со цинк во зимскиот период. Намирници богати со цинк се месото, морските плодови, јајцата, семките од тиква, сусам, лук.

Додатоци во исхраната

Во текот на зимата, многу е тешко да се испланира здрава и избалансирана исхрана која на организмот ќе му ги обезбеди сите потребни хранливи состојки. Затоа, многу често во последно време се препорачува дополнително земање додатоци во исхраната. Препораките најчесто се за дополнително земање витамин Д, витамин Ц, цинк, пробиотици, рибино масло  и др.

The post СОВЕТИ ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА ВО ЗИМА appeared first on Аптеки PlusPharma.