инфекција – Аптеки PlusPharma

Третман на сезонски настинки во детска возраст
Со доаѓањето на есента и зимата, падот на температури зачестена е и појавата на  респираторните инфекции. Поврзаноста помеѓу сезонските промени и честата појава на респираторни инфекции е сосема разбирлива со оглед на тоа дека природната отпорност на организмот при ниски температури е значително намалена,а склоноста кон акутни инфекции се зголемува.

Причини за појава на сезонски настинки

Престојот во школите, градинките и големи колективи кај детската популација ги зголемуваат шансите за пренос на инфекти, најчесто вируси. Подолгиот престој во таквите затворени простории, сувиот и топол воздух во истите, недоволно проветрените простории доведуваат до лесно ширење на инфектите. Акутните инфекции на горните патишта се меѓу најчестите болести кај човекот. Во просек едно дете е нормално да заболува почесто 4-8 пати годишно, додека кај возрасните се заболува во просек 2 – 4 пати на годишно ниво. Просекот кај децата е поголем, бидејки кај нив имунолошкиот систем е сеуште недоволно развиен.

Горните репираторни инфекции во 90% од случаите се предизвикани од вируси, и тоа најчесто Риновирус (30%-80%), Коронавирус (10%-15%), Инфлуенца, Параинфлуенца, Аденовирус итн. Поретко причинители можат да бидат и бактерии (Стрептококукус, Хемофилус, Мораксела).

Преносот на вирусот се врши со вдишување или голтање на капки кои болниот ги испушта во воздухот, а го содржат вирусот, допир со загадени раце или допир со предмети кои се контаминирани (загадени) од вирусот. Инфекциите на дишните патишта се делат на инфекции на горни респираторни патишта:настинка, фебрилен респираторен катар, тонзилит, фарингит и инфекции на долни респираторни патишта:бронхит, пневмонија. Вирусите се одговорни за предизвикување на настинка, фебрилен респираторен катар, додека бактериите предизвукуваат воспаление на увото, синусите, грлото и долните дишни патишта.

Симптоми на сезонски настинки

Настинката најчесто поминува без покачена телесна температура со чувство на треска, омалаксаност. Тука ретко може да има комплицирање на состојбата, а терапијата треба да е симптоматска. Настинката предизвикана од Риновирусот е најзаразна во првите три дена од појавувањето на симптомите, потоа нејзиниот интензитет опаѓа.

Фебрилниот респираторен катар се карактеризира со низа симптоми кои го отежнуваат квалитетот на живот кај овие пациенти. Дел од нив се:покачена телесна температура, слабост, омалаксаност, болка во мускулите, ринореа (зголемена секреција од нос), затнат нос, болка во грлото, засипнат глас, кашлица, отсуство на апетит.

Каков треба да е третманот доколку се работи за вирусна инфекција?

Треба да се знае дека пристапот кај вирусните инфекции треба да е стриктно симптоматска терапија, во ниту еден услов антибиотска. Под симптоматска терапија се подразбира треман со  аналгетици (лекови за намалување на болката), антипиретици (лекови за намалување на температурата), деконгестиви, пастили/спреј за ублажување на болката од болното грло. Деконгестивот има за цел да го намали отокот на слузницата и секрецијата од носот – со тоа се олеснува дишењето преку нос.

Затнат нос и болно грло

Деконгестив кој во својот состав содржи оксиметазолин го одзатнува носот во првите минути и дејството трае до 12 часа. Оксиметазолин во состав на деконгестивите, покрај главното деконгестивно дејство поседува антинфламаторно и антивирусно дејство и спречува ширење на вирусите. Кај болното грло пастилите вршат обезболување (аналгетско дејство), и антисептичко дејство – се спречува развојот на ширење на инфектите во усната празнина. Спреј и пасили кои во својот состав содржат лидокаин како аналгетик брзо ја смируваат болката. Хлорхексидин е златен стандард за антисептик бидејќи делува на вируси, бактерии и габи. Покрај ова потребно е внесување на доволен внес на течности во вид на чаеви, сокови, раствори за рехидратација, витамини, пробиотски култури.

Кај дел од пациентите може да дојде до компликација на состојбата на настинка/грип, па тогаш се јавува воспаление на синусите (синузит), или на увото (отит). Во овој случај треба да се премине на антибиотска терапија за третман на истите.

Мора да се запомни дека антибиотиците лекуваат исклучиво бактериски инфекции не делуваат на вирусите, а токму вирусите се предизвикувачи на горните респираторни инфекции.Внимателно во изборот на терапија!

Др.Аднан Сулејмани

Специјалист педијатар – ЈЗУ ОБ Куманово

The post Третман на сезонски настинки во детска возраст appeared first on Аптеки PlusPharma.

Уринарни инфекции
Уринарните инфекции се честа и болна појава кои, според честотата, се наоѓаат веднаш зад респираторните инфекции. Се појавуваат многу почесто кај жените отколку кај мажите. Сепак, иако поретки, кај мажите оваа појава може да биде посериозен здравствен и терапевтски проблем.

Причинители

Нормално, урината е чиста, стерилна и без присуство на бактерии. Инфекциите, најчесто, се предизвикани од бактерии кои по различни патишта стигнуваат до уринарниот тракт.  Најчесто, тоа е надворешниот мочен отвор, но може да стигнат и преку крвта, лимфата или преку директно ширење од други органи и ткива коишто се инфицирани.

Во најголем број од случаите, како причинител се појавува бактеријата Ешерихија коли. Таа е вообичаен жител на дигестивниот тракт, кој во контакт со  слузокожата на уринарниот систем, може да започне бргу да се размножува и да предизвика воспаление, проследено со болки и со други придружни симптоми.

Фактори кои влијаат за развој на уринарната инфекција

Уринарната инфекција настапува по навлегување на бактериите во уринарниот тракт. Шансите за ова се многу поголеми кај жените, отоколку кај мажите, бидејќи мочниот меур кај жените е многу поблиску до половите органи.

Покрај полот, неколку други фактори се сметаат како предиспозиција за развивање на уринарни инфекции:

сексуално активни жени – делумно поради тоа што женската уретра е пократка и затоа полесно бактериите можат да стигнат до мочниот меур;

лица со уринарни катетри;

дијабетичари – промените во имунолошкиот систем го прават лицето со дијабетес поподложно на инфекција. Исто така, повисокото ниво на шеќер во урината го олеснува развојот на бактериите;

мажите со зголемена простата – ова може да предизвика мочниот меур само делумно да се испразни;

камења во бубрезите;

менопауза;

намален имунитет;

користење тампони;

бремени жени;

користење на дијафрагмата како контрацепција.

Честите симптоми на инфекција на уринарниот тракт вклучуваат:

чест и силен нагон за уринирање;

заматена урина која може да содржи и траги од крв;

непријатен мирис на урината;

болка или чувство на печење при мокрење;

гадење и повраќање;

мускулни болки и абдоминални болки;

силен нагон за уринирање, а се уринира само мало количество.

Дијагностика

Дијагнозата на уринарните инфекции се темели врз микробиолошкиот наод од правилно земен примерок од урината и брис од уретрата.

Иако ниеден стандарден тест не може да утврди разлика помеѓу инфекција на горниот и на долниот дел од уринарниот тракт, присуството на висока температура (треска) и болка во грбот, може да навестат дека инфекцијата се проширила и на бубрезите.

Лекување

Третманот на уринарните инфекции се темели, првенствено, врз клиничката состојба на болниот. Доколку имате симптоми кои се карактеристични за инфекција на уринарниот тракт, а, генерално, сте во добро здравје, антибиотиците се првото решение. Кои лекови ќе бидат препишани и колку ќе трае терапијата, зависи од општата здравствена состојба и од видот на бактеријата која лабораториски е утврдена.

Вообичаено, симптомите на инфекцијата се намалуваат веќе по неколку дена од почетокот на терапијата, но најчесто со користење на утврдената терапија се продолжува уште една недела, па и подолго.

Покрај стандардната медикаментозна терапија, третирањето на уринарните инфекции со лековити растенија се покажало како мошне успешно.

Растенијата кои се користат при третман на овој вид инфекции се: брусница, мечкино грозје, бреза, ангелика, ехинацеа, коњско опавче, рен, магдонос, зајчев трн, коприва, пиреј. Тие делуваат како уринарни антисептици, антиинфламатори, антиспазмолитици и диуретици.

Комбинацијата на овие антисептички билки може значително да помогне во борбата против инфекцијата. Бидејќи се исфрлаат преку урината, природно го носат своето антисептичко и антимикробно дејство во заразената област и, на тој начин, директно делуваат на причинителите на инфекцијата.

Превенција

одржувајте соодветна лична хигиена во гениталната регија

пијте соодветно количество вода

уринирајте секогаш кога ќе имате потреба

избегнувајте течности, како алкохол и кофеин, кои може да го иритираат мочниот меур

претпочитајте тушеви и избегнувајте употреба на масла за туширање

по можност, тампоните заменете ги со хигиенски влошки

избегнувајте тесна долна облека и, по можност, таа да е памучна

не останувајте долго време со воден костим за капење

внесувајте доволни количества витамин Ц

пијте сок или чај од брусница

Горенаведените совети може да ви помогнат во лекувањето, но не треба да се сметаат за замена на лекарски третман. Уринарните инфекции не се сериозен проблем ако се лекуваат навреме.

СОК ОД БРУСНИЦА

Сокот од брусница содржи

антибактериски агенс

наречен хипурична киселина.

Една чаша дневно може да

го намали ризикот од инфекции на

уринарниот тракт.

The post Уринарни инфекции appeared first on Аптеки PlusPharma.