умор – Аптеки PlusPharma

Уморни сте и после спиење? Можеби спиете во погрешна поза
Скоро 80% од луѓето се соочуваат со несоница неколкупати во месецот, додека 23% се будни секоја ноќ. Половина од луѓето во светот се будат ненаспани, уморни, збркани во умот, а тоа го покачува ризикот од дијабетес и депресија.

Сонот е императив за општото здравје на човекот, но залудно спиете осум часа ако за сето тоа време спиете со рацете под глава. Спиењето во погрешна позиција води до грчеви во мускулите, намалена циркулација, болки во коските, кошмари и низа други здравствени проблеми. Кога спиете доволно долго, на соодветен душек, чиста постела и во правилна поза, сонот делува терапевтски.

Ако имате …

Киселини во стомакот

Легнете на лева страна – „Според тоа како се распоредени органите, спиењето на лева страна значи помал притисок врз долниот сфинктер на хранопроводот“, вели специјалистот за спиење Пријанка Јадав од центарот „Спиј за живот“ во Њу Џерси. (Сфинктерот во суштина е вратата низ која поминува храната на патот до утробата. Кога е под стрес, стомачната киселина се качува нагоре иритирајќи го грлото.) Легнете на лева страна одморајќи со рацете испружени пред вас. Благо свиткајте ги колената и поткренете ги нозете кон трупот, во полуфетус. Ако премногу ве гори, легнете на грб и искористете неколку перници за да ги поткренете главата и градите. Или поткренете го душекот кај заглавјето неколку сантиметри со помош на перници или ќебе намотано во ролна.

Болки во грбот

Легнете настраната со потпора под нозете – Околу 40% од луѓето страдаат од проблеми на `рбетниот столб, а многу од нив потекнуваат или се влошуваат поради лошото позиционирање во текот на спиењето. Спиењето во искривена поза со часови може да ја загрози флексибилноста на `рбетот. Клучот е да го одржувате `рбетот во неутрална, природно извиткана поза. Легнете настрана и благо свиткајте ги колената, но ќе внимавате колковите да се во права линија еден врз друг (ако едниот колк или колено натежне врз другиот ќе дојде до ротација на лумбалниот пршлен и интензивирање на болката). Ставете една или две цврсти перници меѓу колената за да ги одвоите нозете во ширина на колковите. Рацете нека одмораат испурежни пред вас. Иако на почеток позата ќе делува непријатно, не откажувајте се! За спиење со потпора потребна е практика.

Синусна болка

Легнете настрана и поткренете ја главата – Секогаш кога сте затнати, дали како последица на алергија, синусна инфекција или поради обична настинка, избегнувајте да спиете на грб. При спиење на грб задолжително се затнуваат и двете ноздри. Несвесно ќе почнете да дишете на уста во текот на ноќта, а тоа ќе доведе до исушување и стврднување на слузта што ве држи затнати. затоа легнете на грб со екстра перница под глава и дозволете и на гравитацијата да ви помогне со дренажата. не заборавајте дека кога главата е поткачена на високо, на рацете ќе им треба дополнителна поддршка, затоа гушнете една перница. Наместете ги нозете во комфорна, благо извиткана поза.

Болки во рамена

Легнете настрана прегрнувајќи се – Болките во рамената се должат на многу причини, но најчесто настануваат како резултат на трнливо спиење настрана. Не е печатна грешка, добро читате, спиењето настрана може да предизвика и да ја елиминира болката во рамената. Секогаш кога долната рака ја ставате под глава грешите, бидејќи така го притискате снопот нерви што го контролира движењето на рамената, рацете и дланките. Тоа е како да спиете со тег од 4 килограми, тој секако ќе ги исцрпи нервите. Прво, не спијте на болната страна. Легнете на страната што помалку ве боли со нозете благо свиткани. Истегнете ја долната рака право, пред вас, ставете перница врз неа и гушнете ја со помош на другата рака лепејќи ја на гради. Ако имате болки и во грбот, трудете се нозете да ги држите точно една врз друга (за да спречите едната да натежна врз другата, ставете една перница помеѓу бутовите). Ако ве болат и двете рамена, легнете на грб и истегнете ги рацете на страна.

ПМС Болки

Легнете на грб – Ако легнете настрана, гравитацијата ќе делува како тежина врз и онака чувствителните гради, ако легнете на стомак вашата тежина ќе се одрази како притисок врз матката предизвикувајќи дополнителни грчеви. Затоа легнете на грб, ставете перница под колената за долниот дел од `рбетот да остане прав. Испружете ги рацете настрана. Ако болките не стивнуваат, ставете уште една перница под коената за да обезбедите подобра потпора за трупот.

Вкочанета вилица

Легнете на грб и држете ја главата право – Чкрипење со забите во текот на ноќта (бруксизам) е генетска состојба со која се соочуваат 8% од возрасните. ја поврзуваат со стрес, анксиозност или инсомнија. Покрај болките во вилицата, ронење на забите, бруксизмот може да го смени дури и обликот на лицето. Ако мислите дека чкрипите со забите навечер, легнете на грб со лицето насочено кон таванот. Така ќе овозможите долната вилица да падне во природна позиција, а фацијалните мускули ќе се опуштат. За да ги намалите шансите да се свртите настрана во текот на ноќта, држете ги рацете исправени покрај телото (луѓето честопати потсвесно се вртат кон свитканата рака).

Здрвен врат

Легнете на грб – Оние перници тенки како лист не ви се од корист, особено не во ваква ситуација. Перницата што ја позиционира главата во надолен или нагорен пад, ги притиска цервикалниот (вратен) `рбет и вратните мускучи, предизвикувајќи болка – особено ако лежите настрана или на стомак. Многу луѓесо вратна болка имаат корист од спиење на грб со вратот сместен во неутрална (читај: права) позиција, што значи потребна ви е перница што ќе ја обезбеди истата. Рацете нека бидат опуштени настрана, покрај телото, не дозволувајте им да завршат под глава. Ако се работи за сериозна болка или дискус хернија, воопшто не ви е потребна перница, туку тврд рамен душек за да го исправите вратот.

Болки во колковите

Легнете на грб – Спиењето настрана додава притисок врз колковите. Спиењето на грб значи одмор за колковите од константниот стрес како одење и седење. Ако се чувствувате убаво, ставете перница под колената како дополнителна потпора.

Вас не ве боли ништо?

Тогаш, спијте настрана!

Создајте навика да спиете настрана во поза на полуфетус:

Изберете страна, свиткајте ги колената и кренете ги нозете на половина растојание од градите.

Оставете перница помеѓу колената за дасе ослобидте од каков било притисок во грбот.

Рацете се пред вас, благо свиткани во лактите. Ако не ви е удобно, во ред е да се вратите во вашата комфорна поза, само трудете се да ја избегнувате најпроблематичната: спиење на стомак.

22% од луѓето го фаворизираат спиењето на стомак, иако истото може да предизвика искривување на цервикалниот `рет и рамената.

Плус, лицето потонато во перница цела ноќ е одлична подлога за појава на брчки и размножување акни.

The post Уморни сте и после спиење? Можеби спиете во погрешна поза appeared first on Аптеки PlusPharma.

СЕРОТОНИН – Хормон на среќата
Среќата и радоста се природно право и чувство кои го поседува секој човек. Среќата може да биде различна и различно да се доживува кај секој од нас. Многу често, изворот на среќата и чувството на радост се поврзуваат со надворешни стимулации кои во организмот предизвикуваат низа реакции, кои, на крајот, ги доживуваме како позитивни или негативни.

Главните виновници

Главните виновници кои се поврзани со дефинирање на чувствата на среќа се хормоните (невротрансмитери) од нашето тело, серотонин и допамин. Постојат два вида среќа, и тоа: спокојна и светла која ни дава континуирано и избалансирано чувство на среќа и радост,и бурна која се манифестира со неизмерни задоволства и еуфорија. За првата е задолжен серотонинот, додека за другата допаминот.

Што е серотонин и каде се наоѓа?

Серотонинот е нервотрансмитер, елемент во мозокот кој помага да се пренесуваат сигнали меѓу разни делови од мозокот. Просечен возрасен човек има помеѓу 5 и 10 милиграми серотонин во телото. Во хормон се претвора тогаш кога ќе навлезе во крвта.

Иако се произведува во мозокот, на кого и се однесуваат неговите примарни функции, околу 90% од залихите на серотонин се во дигестивниот тракт и во крвните плочки.

Со оглед на тоа што е невротрансмитер, серотонинот помага да се пренесуваат информации меѓу деловите на мозокот. Се смета дека влијае на многу психолошки и на други телесни функции. Влијанието врз мозочните ќелии е поврзано со расположението, со сексуалната желба, сo апетитот, со соништата, со меморијата, со способноста за учење и со некои видови социјално однесување.

Кога станува збор за нашите телесни функции, серотонинот влијае на функционирањето на срцето, на мускулите и на разни елементи од ендокриниот систем. Научниците откриле дека серотонинот има улога и во производството на  млеко од дојките.

Недостаток од серотонин

Доколкуво мозокот недостига серотонин,симптомите на тоа се: лошо расположение, зголемена анксиозност, умор, депресија,вклучувајќи и најтешки видови.

Останати смптоми на недостаток на серотонин се:

лутина

необично чувство на болка

глад за јаглехидрати и опсесивно прејадување

запек

дигестивни нарушувања

чувство на преоптовареност

несоница

ниско самопочитување

мигрена

намалени когнитивни функции

зуење во ушите

Дали може да влијаеме на нашата среќа?

Менувањето на животните навики, вклучително и навиките за храна, можат значително да влијаат во регулирањето и во зголемувањето на концентрациите на „хормоните на среќата“.

Наједноставен и најдостапен начин е да поминуваме што повеќе време изложени на светлина, под сјајни зраци на сонце,или препорака е да се направи подобро осветлување во домот.

Втор начин е да се внимава на положбата на телото. Подвитканиотгрб и неправилнотодржење на телото предизвикуваатнамалено ниво на серотонин,а со тоа и појава на чувство на срам,а кај некои лица дури и чувство на вина. Правилното држење на телото го зголемува нивото на серотонин, гизголемува самодовербата и расположението.

Среќата е и во храната

Уште еден од начинитеда се зголеми нивото на серотонин е во исхраната да се вметнат оние производи кои влијаат на зголемување на серотонинот. Важно е да се нагласи дека серотонинот како таков не постои во производите. Производите содржат аминокиселина триптофан од која подоцна организмот произведува серотонин. Рекордер по содржина на триптофан е тврдото сирење. Нешто помало количествона триптофан содржат крем сирењата. Следуваат посните меса, јајцата, леќата, ананасот, тофу сирењето, лососот (и останатите риби), бадемите, лешниците, оревите, морските плодови, грашокот итн. Исто така,големо клоличество триптофан се наоѓа и во печурките, гравот, сирењето, просото и во елдата. Нискотониво на серотонин во организмот може да се надополни и со дополнување на исхраната со витамини од групата на Б комплекс. Тие се наоѓаат во црниот дроб, елдата, овесот, гравот и во зелената салата. И производите кои содржат магнезиум,како што се ориз, суви сливи, суви кајсии, овесни трицииалгисе добри за доброто расположение.

За да се подигне нивото на серотонин,јадете и банани, дињи, смокви, тиквиипортокали.

Покрај правилната исхрана,постојат и други извори на серотонин.

За зголемување на серотонинот, помага и физичката активност. Одвојте барем 20 минути дневно за да се занимавате со кој било спорт (трчање, пливање, танц итн) и наскоро ќе почувствувате подигнување на расположението и ќе се чувствувате многу подобро. Доколку не можете да се занимавате со спорт, тогаш пешачете. Физичката активност се надополнуива со добриот сон. За производство на серотонин,неопходен е добар сон. Свежиот воздух (и уште еднаш сонцето),исто така помага да се зголеми нивото на серотонин. Повеќе комуницирајте со пријателите и со луѓето кои се пријатни за вас, занимавајте се со работата која ја сакате или со хоби, слушајте ја вашата омилена музика, овозможете си себеси повеќе пријатни моменти и тоа сигурно ќе вроди со резултат.

The post СЕРОТОНИН – Хормон на среќата appeared first on Аптеки PlusPharma.

ДЕТОКСИКАЦИЈА – ВРЕМЕ Е ЗА ПРИРОДНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ
Имате чувство да сте постојано уморни, постојано ви се спие и немате доволно енергија ? Време е за чистење на организмот !!!

Дали знаевте дека чистењето на организмот може да ви помогне во враќањето на енергијата и да ви ја подобри здравствената состојба ?! Се што треба да направите е да посветите малку внимание и време и резултатите се тука !!!

Детоксикација во нашето тело се одвива преку функцијата на белите дробови, бубрезите, кожата и црниот дроб. Доколку, функцијата на било кој од овие органи е нарушена, штетните материи се акумулираат, што води до појава на симптоми како што се:

умор

главоболка

алергии

ослабнат имунитет

ментален замор и нарушена концентрација

болки во мусклулите и зглобовите

дебелеење

промени во расположението

депресија

несоница

покачени масти и шеќери во крвта и слично

Нормално, секојдневно штетните материи се одстрануваат од организамот преку урината, фецесот, процесот на дишење или пак преку нивно неутрализирање. Жолчната кеса, лимфните жлезди, кожата и крвта се канали кои даваат поддршка во процесот на детоксикација. Доколку не направиме природно чистење на нашето тело, сите овие распадни и штетни материи се насобираат во каналите за елиминација, поради што често се разболуваме и тешко опоравуваме. Додека го прочистуваме своето тело, особено важно е сите овие канали да бидат отворени и проточни.

ПРИРОДНА ДЕТОКСИКАЦИЈА ЗА ЈАК ИМУНИТЕТ

Иако чистењето на организмот можете да го направите кога и да посакате, најдобро време за тоа се пролетта и летото. После долга зима, каде исхраната е сиромашна со свежо овошје и зеленчук,  пролетта е одлично време да го прочистиме своето тело и наполниме со витамини и минерали.

Постојат повеќе начини на детоксификација на телото. Скоро секој WELLNESS центар може да ви понуди третман за детоксификација, но немојте да се брзате:

Природата ни нуди едноставни и бесплатни начини на чистење на организмот.

ЧИСТЕЊЕ ВО ТРИ ФАЗИ

Првата фаза вклучува чистење на бубрезите, втората на црниот дроб а третата на цревата.

За  време на првата фаза важно е да внесувате билни диуретици. Чајот од магдонос, ѓумбир, глуварче, коприва како и сокот од лимон и брусница се одлични во прочистувањето на бубрезите

Втората фаза вклучува зголемен внес на зелјест зеленчук, а особено зеленчук богат со горчливи материи (рукола, марула, кељ, прокељ, артичока), кои го прочистуваат и регенерираат црниот дроб.

Третата последна фаза е насочена кон прочистување на цревата. Храна богата со растителни влакна и омега-3 масни киселини го помага овој процес (овошје, зеленчук, ленено семе, житарици).

Седумдневен план за детоксикација на организмот

Штом ке станете од спиење: Напијте се топла вода во која предходно сте исцедиле пола лимон

Пред списње: Напијте се чаша вода со една лажица Бентонит и една лажица мелено семе од лен.

Прв Ден: Може да јадете било кое овошје, освен банана. Се препорачува јаболки, крушки, мандарини, портокали, цитрон и киви. Овошјето, свежо или конзервирано, ќе ги осигура сите потребни нутритиенти.

Втор ден: Можете да јадете разни врсти на зеленчук, сирово или зготвено во количини во кои сакате. За вечера припремете еден поголом печен компир во рерна. Зеленчукот ќе ви ги даде сите потребни нутритиенти и влакната.

Трет ден: Можете да јадете се од овошје и зеленчук, освен банани и компири во количини во кои сакате. Немојте да се зачудите ако имате желба за храна, затоа што веќе од следниот ден таа желба ќе почне да слабее.

Четврти ден: Денеска можете да изедете до осум банани и да испиете три чаши млеко, а може и зеленчукова супа. Бананата служи за да се надокнадат количините на калиум и натриум кои сте ги изгубиле.

Петти ден: Можете да изедете 600 грама говедско месо и 6 домати. Од месото ќе го добиете железото и протеините, а од доматот витамините и влакната. Воедно зголемете го внесот на вода.

Шести ден: Говедско месо и зеленчук во неограничени количини.

Седми ден: Денеска можете да јадете , сите врсти на зеленчук и да пиете незасладени овошни сокови.

Во текот на денот испијте најмалку 10 чаши водаи две чаши билен чај(зелен чај, чај од коприва, чај од глуварче, чај од нане) без шеќер.

Кој не би смеел да ја проба диетата за детоксикација

Трудниците и доилките никако не би смееле да ја пробуваат диетата за детоксикација. Исто така диета не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со анемија, дијабет, бубрези, штитната жлезда, карцином, одредени генетски болести, проблеми со исхрана. Сепак доколку се одлучат да  ја започнат диетата се препорачува задолжилен стручен надзор.

Мери Филиповиќ – нутриционист и стручен советник

По завршувањето на процесот на детоксикација продолжете со урамнотежена (избалансирана) исхрана. Немојте нагло да преминете на прејадување и внес на тешко сварлива храна (во тој случај ќе предизвикате потполно спротивен ефект и оптоварување на црниот дроб).

Потрудете се после детоксикацијата да не внесувате:

индустриски преработена и брза храна,

што поретко консумирајте шеќер, мајонез, кечап,

алкохол, цигари и

други нездрави намирници и газирани пијалоци.

Н: Замастен црн дроб, не боли но тивко убива

Замастен црн дроб, или, како што уште се нарекува- стеатоза е “тивка” епидемија на 21-от  век.  Секој петти возрасен човек, пати од ова метаболичко пореметување кое настанува поради прекумерно таложење на масти во црниот дроб. Причина за појава на оваа болест не е само прекумерениот внес на алкохол туку и неправилна исхрана, гојазност, пореметување на метаболизмот на шеќер во крвта и токсичните ошетувања предизвикани од внес на хемиските отрови како пестициди и адитиви.

Познато е дека црниот дроб е најголема жлезда во човековиот организам и служи за складирање на хранливи материи и неутрализирање на штетните материи и токсини. Има многу важна улога во метаболичките процеси и затоа се нарекува “централна лабораторија” на човековиот организам. Иако црниот дроб врши преку 500 различни функции, неговата главна задача е детоксикација на организмот.

Едни од најважнте функции на црниот дроб се филтрирање и прочистување на крвта, одржување на нивото на глукоза, разградба на мастите, протеините и jаглехидратите, создавање жолчен сок, складирање на витамини и железо и продукција на витални ензими за разложување на токсините.

Поради важните процеси кои се одвиваат во црниот дроб, многумина го нарекуваат и втор мозок.

Статистичките резултати покажуваат дека главен причинител за ова заболување е гојазноста,  а на зголемен ризик се изложени и алкохоличари и особи со зголемено ниво на масти и шеќери во крвта како и оние кои земаат хепатотоксични лекови —- Ова е тоа што го викате  “под наслов” ако мислите дека се повторува немора да стои.

ОД ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ ДО ЦИРОЗА

Замастен црн дроб претходи кај 10-15% од случаевите на цироза, која може да предизвика сериозни компликации.

Стеатозата (замастен црн дроб) е првиот и најблаг степен на оштетување на црниот дроб кое настанува поради наталожување на масти во овој орган.

Зголемување на телесните масти од необјасливи причини, надуеност во стомакот, покачен крвен притисок, малаксалост или високо ниво на холестерол во крвта, се само некои од индикаторите за оптеретеност на црниот дроб и нарушен метаболизам на мастите.

Обично, оваа болест уште се нарекува и “тивка болест” бидејќи почетната фаза не е пропратена со никакви симптоми.

Доколку се занемари оваа состојба и не се третира соодветно, може да предизвика и посериозни нарушувања и компликации.

Проблемот со замастен црн дроб може да се санира по природен пат, доколку навремено се реагира, со промена на животните навики, воведување на специфичен режим на исхрана и зголемена физичка активност.

The post ДЕТОКСИКАЦИЈА – ВРЕМЕ Е ЗА ПРИРОДНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ appeared first on Аптеки PlusPharma.