возраст – Аптеки PlusPharma

Добриот сон – половина здравје
Речиси е привилегија да се има квалитетен и редовен сон во денешно време. Квалитетниот сон е есенцијален за добро здравје и нормален раст и развој на децата. Познато е дека краток и неквалитетен сон може да биде фактор за психофизички проблеми кај децата во подоцнежните години од животот. Така, недодтатокот на сон во раната фаза од детството може да резултира со недостаток на концентрација, намелен когнитивен и интелектуален капацитет во време на адолесценцијата. Недоволно сон може да предизвика и пад на имунитетот, развој на кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, прекумерна телесна тежина…

Сонот е подеднакво важен колку и здравата исхрана и физичката активност. Со добар сон на телото му се овозможува да се ослободи од сиот вишок на штетни материи акумулирани во текот на денот. Мускулите, меѓу кои е и срцето, се обновуваат за време на спиењето.

Колку сон е доволно за децата?

Должината на сонот во голема мера зависи од возраста на детето:

новороденчиња не постари од 2 месеци – 10 до 18 часа сон вкупно (со неколку паузи од 1-3 часа кога се будни)

бебиња од 3–12 месеци од 9 до 14 часа (со 2 дремки од по 2 часа во текот на денот)

деца од 1–3 години од 12 до 14 часа (со 1 дремка во текот на денот)

деца од 3–5 години од 11 до13 часа

деца од 5–12 години од 10 до 11 часа

тинејџери 8 до 10 часаСепак, треба да се има на ум дека овие вредности се менливи и може да бидат различни за секое дете, бидејќи на истите влијаат и други фактори, како што се: температурата, самата околина, наследните фактори и др.

Постигнувањето на правилен распоред на спиење и будење е еден од главните цели за детето и за неговиот правилен емоционален развој. Промените во животот на детето, промените на неговите навики и тензичните семејни односи можат негативно да делуваат врз распоредот на спиење.

Навиките ги креираме ние

Во брзото и хаотично време во кое живееме, децата најчесто се препуштени сами на себе. Родителите работат сè повеќе и сè подолго, па времето потребно за здрави семејни односи и креирање на здрави навики е сè пократко. Во контекст на ова, сè почесто ги изоставуваме ритуалите важни за процесот на спиење.

Почнувајќи од новороденчињата, сите деца треба да имаат ритуал за заспивање што трае не повеќе од 30–40 минути со вклучено капење. И исто време на заспивање секоја вечер. За децата до 10 годишна возраст тоа значи дека најдоцна до 21 часот веќе треба да се во кревет. И тинејџерите не треба да се исклучок од правилата за одење во кревет. Кај нив, покрај природната желба да се биде буден во текот на доцните часови, неконтролираната употреба на електронски уреди дополнително ја комплицира состојбата. Воведување на некаков ред и држење на ситуацијата под контрола е важно и за оваа возрасна група. Собата за спиење треба да биде затемнета, проветрена и со нормална температура, без електронски уреди на кои местото не им е во оваа соба. Употребата на телефон, таблет или компјутер непосредно пред спиење може да го намали за 22% нивото на мелатонин во организмот, супстанца што природно се создава во организмот навечер и му сигнализира на телото дека е време за спиење.Децата пожелно е да имаат омилена играчка за спиење и омилена приказна за заспивање.Ако детете потешко заспива, тогаш погрижете се креветот да му симболизира само спиење, но не и место каде може да игра или пишува домашна задача.Ноќниот амбиент во домот треба да е релаксирачки и смирен. Избегнувајте расправии и дискусии кои можат да предизвикаат анксиозност пред спиење.

Важноста на добриот сон

Сонот го подобрува растењето

Хормонот на раст примарно се ослободува за време на длабок сон. Природата се погрижила бебињата да го добијат потребниот раст, така што околу 50% од времето го поминуваат во длабок сон. Квалитетниот сон е важен за нормален раст за сите деца генерално, само што кај најмалите, разликата во растот е воочлива од ден на ден.

Сонот влијае врз телесната тежина

Сè поголем број докази покажуваат дека премалку сон кај децата доведува до гојазност, почнувајќи уште од најмала возраст. Секој плач на бебето не е заради храна. Доколку родителите се едуцираат за разликите во плачот за храна и плачот за друга итна потреба на бебето и како да го утешат, а да не користат храна при тоа, тогаш е голема веројатноста дека бебињата ќе спијат подобро, и помала е веројатноста дека ќе бидат гојазни.

Врската меѓу недостатокот на сон и хормонот што ни сигнализира кога сме сити (лептин) е присутна уште од раѓање. Па така и децата кои не спијат доволно и се изморени, имаат тендеција постојано да бараат храна и тоа најчесто со висока содржина на масти или јаглехидрати, а од друга страна, повеќе седат или лежат (но не спијат), што не придонесува за согорување на калориите.

3. Сонот помага во борбата против настинките

За време на спиењето, кај децата (и возрасните) се создаваат протеини (цитокини) со кои организмот се бори против инфекции, настинки и стрес. Помалку сон, значи и помалку од овие протеини „подготвени за борба“.

4. Со повеќе сон до помалку повреди

Децата стануваат несмасни и повеќе импулсивни кога спијат помалку од потребното. Ова е особено изразено кај децата на училишна возраст кои спијат помалку од 9 часа секоја вечер.

5. Сонот ги подобрува способноста за учење и концентрацијата

Кај децата до 3 годишна возраст кои континуирано спијат помалку од 10 часа секоја вечер, постои 3 пати поголема веројатност да се јават проблеми со хиперактивност, импулсивност и анксиозност до 6-тата година од животот. Децата што се изморени и ненаспани првично се борат против заморот (природна реакција на организмот) или, поточно, се обидуваат да останат будни и заинтересирани за случувањата.Тоа резултира со поголемо лачење на хормони што ги прави хипер будни, но исцрпени. Наскоро следува фазата на нерасположени и нервозни. Со вакво расположение во никој случај не можат да бидат внимателни и да учат. Вака „наелектризирани“ не можат лесно ни да заспијат.

Поголемиот број деца после 5-тата година ја губат потребата за дремка во текот на денот. Сепак,  дремките во текот на денот за децата што одат на училиште се вистинска магија за нивната способност за брзо помнење и учење. Сонот му е потребен на мозокот за да може да ги потврди работите што ги научил во текот на денот и да ги зачува долгорочно. Недостатокот на сон кај децата може да биде поврзан  со лоши резултати и ниски оценки во училиште.

The post Добриот сон – половина здравје appeared first on Аптеки PlusPharma.

Време е за градинка
Родителската нега и времето поминато со децата има немерлива вредност за развојот на младата личност. Улогата на родител е една од најзначајните која човекот ја има во својот животен век. Инстинктивно, родителот најдобро се грижи за своето потомство. Оттука, дилема за тоа кое е вистинското време за градинка, е дилема која остава бессони многу родители. Сепак, на ова прашање е  многу тешко да се даде вистинскиот одговор. Некои деца се подготвени за градинка и на две, а некои не се и на пет години.

Дали моето дете е подготвено?

На детето му е потребно време за да се приспособи на престојот во градинката и да стекне доверба и сигурност во неа и во луѓето таму. Времето на приспособувањее специфично за секое дете и зависи од возраста на детето, неговиот темперамент и искуството кое го имало дотогаш (претходно одвојување, контакт со деца, претходни стресни искуства во животот). Приспособувањетона детето во голема мера зависи и од ставовите на родителите. Децата се многу интуитивни и чувствителни и реагираат на секоја промена на вашето расположение и сигурно ќе ја препознаат вашата реакција и ќе се однесуваат соодветно на тоа. Не заборавајте дека децата ве доживуваат како супер битија кои сè знаат и можат, па поради тоа и безрезервно ви веруваат.

Во процесот на приспособувањена престојот во градинка,одредени деца нема да покажуваат никакви реакции на промената на средината и новата околина, додека други можеби своето незадоволство ќе го изразат со многу бурни реакции и изразени проблеми на физиолошки (пр. проблеми со храна или спиење) или емоционален план (пр.плачење, фрустрација, лутина,агресивност).Одредена група деца покажува реакции нормални и очекувани за возраста и ситуацијата во која се нашле.

Подготовката за одење во градинка е подеднакво важна како за родителот така и за детето

Покрај одлуката кога да се пушти детето во градинка, која треба да е цврста и сигурна, треба да се увидат и некои емоционални доживувања кои се појавуваат кај децата, и секако и кај родителите. Речиси без исклучок, првите искуства и контактот со градинка е стрес и за децата и за родителите. Децата најчесто јавно и бучно сакаат да го избегнат тој стрес, додека, пак, кај родителите во најмала рака предизвикува измешани емоции на возбуда, радост, тага и страв.

Децата на возраст од една година најчесто при одвојување и при нова околина ќе рeагираат со неутешен плач, одбивање на контакт, ќе бидат повлечени или нема да се одвојуваат од својата цуцла лажливка, играчка или друг свој предмет. Можно е да имаат проблеми со исхраната или тешкотии со спиењето.

Некои деца ќе реагираат со регресивно однесување, односно ќе се вратат на однесувањето кое веќе го надраснале (пр. ќе се вратат на лазење, иако веќе знаат да одат).

Децата на возраст од година и пол до две, покрај плачењето и одбивањето на комуникација, често ќе манифестираат лутина и бурно ќе реагираат за време на разделбата со родителите.

Децата на возраст од три до пет години можеби нема толку да ги покажуваат своите емоции. Тие мирно ќе дојдат во градинката,но нема да се вклучуваат во активностите, нема да комуницираат со воспитувачите и/или децата, ниту,пак,ќе играат со нив. Можеби поголем дел од денот ќе го поминат молчејќи, во некој агол од просторијата, играјќи со некоја од своите играчки или со друг предмет, постојано прашувајќи кога ќе дојдат мама и тато. Некои деца на оваа возраст може бурно да реагираат во односот со другите деца, воспитувачи или родители; може да ги удираат другите деца, гласно да плачат, да протестираат или грчевито да се држат до родителите. Кај некои деца,реакциите ќе се појават веднаш, додека кај други подоцна.

„Сервисот“ на баба или градинка?

Уште едно од низата прашања без вистински одговор. Дали чувањето на детето да го доверите на баба и дедо или, сепак, во градинка? Бабите и дедовците се, секако, бесплатни, секогаш достапни, но често и во поодминати години и болежливи. Нивните лица им се познати на децата, им даваат неизмерна љубов и нежност. Меѓутоа, вратата за размазување и за создавање свет каде сèе дозволено е повеќе од отворена. Можеби за краток период ова е добро решение ако имате поставено јасни граници.

Како да му помогнете на детето да се приспособи што побрзо и полесно?

–  Пред поаѓање во градинка,зборувајте за градинката со насмевка и истакнете ги убавите страни на престојот (игра, дружење). Зборувајте му како е тоа интересно и забавно место каде ќе стекненови пријателства. Зборувајте му за активностите во кои ќе биде вклучено. Зборувајте позитивно и оптимистично, но бидете секогаш реални!

–  Доведете го детето во градинката пред да почне со приспособување, покажете му какоизгледаат градинката и дворот. Нека види како си играат таму децата и ако постои можност придружете им се.

–  Покажете му на детето дека сте горди што е доволно возрасно да може да оди во јасли иливоградинка и да биде таму без вас.

–  Одговорете на сите прашања од детето во врска со градинката.

–  Кажете му на детето кој ќе го носи и ќе го зема од градинка.

–  Поттикнете ги неговите социјални вештини–потрудете се периодот пред да тргне во градинка интензивно да биде во контакт со други дечиња приближно на негова возраст.

Често посетувајте детски игралишта и надгледувајте го неговото однесување.

–  Приспособете го ритамот на животот на детето дома со ритамот во градинката (одредете време кога се јаде, спие, игра).

–  Кога детето ќе почне да оди во градинка,убаво е првите две недели да останува пократко време (првиот ден еден час, вториот ден два часа, при што распоредот на престој ќе го договорите со воспитувачките).

–  За децата од 3-5 години престојот во првите денови може да биде и подолг, но секогаш да биде во време на игра. Времето за одмор е критично,па треба да го оставите за подоцна, кога детето ќе се навикне на просторот.

–  Добро е детето во градинка да носи т.н. преоден објект – некоја драга играчка на детето или предмет кој му дава сигурност (шишенце, ќебенце, мече).

Што нема да помогне

–  Не покажувајте вознемиреност, страв, тага, но ни претерана радост. Објаснете му на детето дека градинката е негова работа како што и вие имате своја.

–  Не напуштајте го детето брзо и со бегање. Тоа ќе го вознемири детето.

–  Не одолговлекувајтегоразделувањето. Тоа само ќе го вознемири детето.

–  Адаптацијата не треба да се прекинува затоа што со тоа на детето му се дава порака дека ако доволно плаче и прави сцени,не мора во градинка. Од друга страна,повторната адаптација е многу потешка и трае подолго.

Вистинската формула како да се издржи адаптациониот период во градинка е индивидуален баланс. Трпението за да се постигне тој баланс е клучно. Имено, детето ќе се приспособува со свое темпо, кое не значи дека ќе биде праволиниско. Односно, првата недела може да биде помалку стресна за детето од втората или третата. Важно е да му го дадете просторот и времето на своето дете и да тагува и постепено да се приближува кон градинката. Но, никако да го прекине процесот. Бидете трпеливи и не споменувајте ја градинката во контекст на казна (ако си непослушен ќе одиш утре во градинка или ќе ѝкажам на учителката дека дома си непослушен).

Имајте доверба во системот и во воспитувачките

Многу е  важно да им се верува на негувателките и воспитувачките особено за темпото на адаптација. Градејќи го тој однос врз доверба, ќе му помогнете и на вашето дете да се опушти и да верува во новата средина.

За детето велиме дека е адаптирано на градинка тогаш кога своеволно заминува во неа, кога е спонтано и кога слободно си игра.

The post Време е за градинка appeared first on Аптеки PlusPharma.