Стомакот ви кркори доцна навечер, па се прикрадувате до кујна барајќи нешто за грицкање? Сите го правиме истото! Но, тоа и не е толку голем грев, напротив, може да стане здрава навика ако се потрудите.
Нутриционистите велат дека спиењето на празен стомак не само што може да го намали квалитетот на сонот, туку влијае и на енергетските нивоа кои се неопходни за новиот ден.
Помудра одлука е внимателно да одберете што ќе јадете доцна навечер, отколку да не јадете воопшто а сте гладни.
Некои намирници го креваат шеќерот во крвта и ве држат будни, додека други го поттикнуваат сонот и го снабдуваат телото со хранливи материи. Ви ги претставуваме овие вторите преку 25 ужини – одлични опции за доцна навечер и вистински спасители од погрешни избори на храна што ќе ви донесат плус килограми.
Пуканки без масло
Домашно подготвени без никакви адитиви и путер. Полни се со растителни влакна и триптофан – аминокиселина што го поттикнува серотонинот.
Печен зеленчук
Грав, грашок или боранија – зачинете ги, распоредете ги на хартија и печете ги. Крцкава солена ужина што наликува на чипс, но со повеќе растителни влакна и протеини кои заситуваат.
Грчки јогурт со овошје и гранола
Здрав десерт со протеини, калциум и пробиотици. Изберете продукт без додаден шеќер и додаjте боровница и гранола.
Туна и краставица
Лесна, освежувачка ужина полна со витамин Д, омега-3, витамин Б12 и триптофан.
Сушени алги
Лесна грицка полна со јод, цинк и витамин К.
Јаболко со цимет
Класична комбинација за блага ужина со доpoлнителни антиоксиданти благодарение на циметот.
Ф’стаци
Богати со мелатонин, магнезиум и здрави масти. Одлични за да го повикаат сонот на очи.
Замрзнати цреши
Освежителни, богати со мелатонин и магнезиум.
Бадеми обложени со темна чоколада
Слатка и заситувачка опција што поттикнува сон.
Сендвич со путер од кикирики и џем
Целозрнест леб со путер и џем – вкусен, заситува и поттикнува серотонин.
Житарици со млеко
Класика што содржи сложени јаглехидрати и триптофан.
Целер со путер од јатки
Изненадувачки вкусна комбинација! Земете стапче целер и нанесете путер од кикирики, лешник или бадем. Ако не ви е вкусно, заменете го целерот со јаболко.
Варени јајца
Содржат многу протеини и се суперпогодни за брза ужина.
Ореви и вишни
Комбинација богата со мелатонин, триптофан и магнезиум – поттикнува добар сон.
Вкусен микс
Измешајте пуканки, сушено овошје, јатки и темна чоколада. Заситува и е супер за стомакот.
Семки од тиква
Богати со магнезиум – минерал што опушта и смирува.
Урми полнети со путер од јатки
Влакна, калиум и антиоксиданти. За екстра уживање, прелијте ги со темно чоколадо и замрзнете ги.
Авокадо со интегрални крекери
Здрави масти и растителни влакна – сè што ви треба за мирен сон.
Смокви и сирење
Слатко и кремасто, а богато со магнезиум и калциум. Пробајте со фета сирење и додајте мед за подобар вкус.
Урда и ананас
Благо и заситувачко, богато со триптофан, калциум и витамин Ц.
Овесна каша со путер од кикирики
Комплексни јаглехидрати и магнезиум за длабок сон. Додајте банана и цимет за уште поголем ефект.
Хумус со зеленчук
Шарени стапчиња од моркови и пиперки со хумус, богати со влакна и со протеини.
Банана со чоколадно млеко без лактоза
Одлична комбинација за љубителите на благо што поттикнува релаксација и сон.
Црна чоколада
Кога немате време за ништо повеќе, грицнете темна чоколада – богат извор на антиоксиданти, магнезиум и триптофан.
Смути од банана и јогурт
Замрзната банана, грчки јогурт, малку вода или млеко и мед – кремасто, хранливо и смирувачко.