Многумина од нас сакаат да користат шминка за да се чувствуваат убаво и негувано. Но, како што кожата се менува со годините, така и рутината за нега и шминкање треба да се прилагоди.
Добрата вест? Со правилни производи и техники, одморен и свеж изглед со истакната природна убавина може да се постигне во секое животно доба.
Во продолжение, ви пренесуваме шест совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате самоуверено без оглед на годините.
1. Почнете со лесен хидратантен крем
Богатите и хидратантни креми често им одговараат на зрелите типови кожа, но вреди да се размисли што ставаме на кожата пред да нанесеме шминка. Козметиката што ја нанесуваме прва, може да влијае на тоа како шминката ќе изгледа на лицето.
Ако кремата е премногу густа, може да ја промени текстурата на пудрата, коректорот и другите производи, предизвикувајќи лупење, растопување или премногу сјај.
Ова не значи дека потешките креми немаат место во вашата нега, само користете ги навечер кога кожата се регенерира или преку ден кога не планирате да ставате шминка.
2. Вклучете прајмер во вашата рутина
Прајмерот е сојузник на зрелата кожа – ги пополнува фините линии, ги измазнува порите и помага шминката да трае подолго.
Постојат повеќе видови:
- силиконски – за порамномерен тен и масна/нормална кожа
- хидратантни – идеални за сува и повозрасна кожа
- спреј прајмери – за подолга трајност на шминката
Важно е прајмерот да се комбинира со пудра со иста основа (водена со водена, маслена со маслена формула).
3. Избегнувајте тешки и густи пудри
Желбата да се покрие сè може да доведе до спротивен ефект – „тежок“ креч изглед и нагласени брчки.
Изберете лесни, пигментирани пудри што може да се надградуваат само на местата каде има потреба. ЦЦ или ББ кремите се идеални за да ги нанесувате на цело лице и да добиете хидратација со суптилен кафен тон и ненаметлива покривност на несовршеностите на кожата.
4. Нежен коректор за подочници
Кожата околу очите е тенка и чувствителна, а тоа само се влошува со годините. Затоа, изберете кремасти и хидратантни коректори кои го осветлуваат пределот под очите и не се вовлекуваат во линиите.
Совет: нанесете го малку пониско од подочниците, а потоа нежно соединете кон окото. Така ќе избегнете насобирање на производот под очите.
5. Изберете соодветна маскара
Со возраста, трепките можат да станат послаби и поретки. Маскарите со премногу густи формули може да предизвикаат таложење и вештачки ефект што не ви е потребен.
Најдобар избор се маскари кои:
- ги „хранат“ трепките
- се погодни за чувствителни очи
- не создаваат грутки
Ако очите ви солзат – корисна опција е водоотпорната формула.
Дополнителен трик: избегнувајте нанесување маскара на долните трепки за очите да ви изгледаат посвежо и поотворено.
6. Крем руменило за здрав сјај
Пудрестите руменила честопати се лепат на сувите делови од кожата. Крем руменилото, пак, дава природен, младешки сјај.
Нанесувајте го повисоко на јаболкцата, кон слепоочниците, за нежно да го подигнете лицето.
