Месечен хороскоп за јануари-февруари 2022

Месечен хороскоп за јануари-февруари 2022

Страст и романтика кај Близнаците, љубовни изненадувања за Јарците

Овен (21.03 – 19.04)

Уживајте во успехот и задоволството кои ги постигнувате со макотрпна работна ангажираност, одговорност и многу откажувања. Бидејќи најголемиот товар успеавте полека, но сигурно да го симнете од својот грб, време е добро да се организирате и со поголема самодоверба да тргнете кон новите предизвици. Внимавајте на здравствен план.

Бик (20.04 – 20.05)

Не е добро ако постојано ги одложувате можностите за постигнување успех во доменот на љубовта, зашто ѕвездите ќе ви овозможат спонтано напредување и зацврстување на емотивните задоволства. Затоа, не покажувајте колебливост, туку храбро дејствувајте.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Страста ви е нужно потребна, како и романтичното надополнување со саканото лице, поради што елиминирајте ги предрасудите и прифатете го предизвикот. На работен план, ѕвездите ви препорачуваат да бидете мудри, аналитични, селективни и да остварите соработка со лицата кои негуваат стабилност, одговорност и верност кон должноста.

Рак (21.06 – 22.07)

Во овој период не ви се препорачува да ризикувате, зашто можат да се случат непредвидливи ситуации, кои ќе ви создадат сериозни потешкотии од кои нема лесно да се извлечете. Затоа, ѕвездите ве советуваат да одите на сигурно, да не се истрчувате со идеите и да не дозволите другите да ве изманипулираат и одведат во бесперспективна состојба.

Лав (23.07 – 22.08)

Ви се препорачува на реален начин да ги согледате околностите и да уживате во мигот на случувањето. Колку и да се трудите, нема да го вратите тоа што поминало. Тоа не значи дека хармонијата ќе ве заобиклои и помалку ќе биде присутна, туку нема да биде иста каква што беше во претхнодниот период.

Девица (23.08 – 22.09)

Не треба да се оптоварувате на психофизички план и да се окупирате со туѓото незнаење и незаинтересираност за следење на позитивните вредности, зашто така ќе станете жртва на надворешните влијанија и нема да успеете да ги реализирате сопствените приоритети. Внимавајте на финансиски план.

Вага (23.09 – 22.10)

Најважно е да бидете аналитични, селективни и подготвени за храбро соочување со непријатностите произлезени од надворешните влијанија. Притоа, следете ги знаците и престанете да подлегнувате пред туѓите негативни вибрации. Внимавајте во љубовните односи.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Направете селекција во контактите и определете се за соработка со лица кои стабилно и одговорно се однесуваат. Потенцијал за успех постои, само треба повеќе да верувате во сопствените вредности. На финансиски план не влегувајте во непотребни ризици и внимавајте на својата психофизичка енергија.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашата разумност, свесност за вистинските вредности и одговорност треба да ви помогнат да излезете од психофизичката криза и да ја воспоставите потребната хармонија. Ако можете патувајте или фокусирајте се кон лицата и состојбите што позитивно влијаат врз вашата личност.

Јарец (22.12 – 19.01)

Во претхнодиот период премногу работевте, така што конечно пронајдете време за себе, одморете се и подгответе се за новите предизвици. На полето за љубовта може пријатно да бидете изненадени, затоа размислувајте позитивно и отворете се за споделување на позитивните емоции.

Водолија (20.01 – 18.02)

Иако во денешно време ретко кој ги почитува духовните вредности, туку се води од материјалните и телесни желби, сепак ѕвездите ви препорачуваат да продолжите и понатаму да се однесувате хумано и ангажирано. Таквиот пристап кон животните околности наскоро ќе ви донесе позитивни резултати и мигови на задоволство и опуштеност.

Риби (19.02 – 20.03)

Понекогаш не е добро ако на чувствата им се дозволи да доминираат со нашиот живот, зашто во тој случај може да се загубианалитичноста и способноста за прецизно одмерување на планираните активности. Но, од друга страна, е трагично да се егзистира безз да се иницираат емоциите кон лицата кои не привлекуваат. Затоа, бидете внимателни во моментите кога не постојат можности за успех, но дејствувајте храбро кога ќе ја почувствувате вистинската инспирација.

 

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој