Напредок кај лавовите, искушенија за јарците
Овен (21.03 – 19.04)
Околностите во животот никако да ви се подобрат, поради што е неопходно да размислите за причините што ве доведоа во незавидна ситуација. Ако и понатаму безглаво итате кон целта, тогаш не очекувајте стабилизација и хармонична перспектива. Преиспитајте ги постапките што ги инициравте во комуникацијата со другите и обидете се да го промените досегашниот однос кон искушенијата.
Бик (20.04 – 20.05)
Комуницирајте, бидете спонтани и независни, односно следете го говорот на телото. Тоа во голема мера ќе ви покаже каков однос да воспоставите со лицата кои ве опкружуваат. Ограничувањата што сакаат да ви ги наметнат нема да ве спречат да иницирате позитивни промени во своето живеење.
Близнаци (21.05 – 20.06)
Вие претпочитате да бидете либерални и прогресивно наосечни кон перспективите на животот. Затоа, опстојте на патот што го имате зацртано пред себе, не дозволувајте надворешните фактори да ви го блокираат напредувањето и остварете го тоа што го посакувате. Овој период е добар за патување, за инвестирање во недвижности и за надградба на знаењето.
Рак (21.06 – 22.07)
Полека, но сигурно, почнувате да ги елиминирате ограничувачките фактори кои доминираа во претходниот период, така што не треба да ве зафаќаат меланхолијата и песимизмот, бидејќи ви претстојат одлични остварувања во сите сфери на животот. Отворете се за љубовта, бидете креативни во работата и почесто престојувајте во природа.
Лав (23.07 – 22.08)
Некои нешта ќе почнат да се движат кон позитивната насока, така што преземете активности што ќе ви го овозможат напредокот. Посебно ви се препорачува да ги стабилизирате односите во семејството, да бидете поодговорни, трпеливи и да покажете оти умеете да се грижите за блиските. Добро е ако преземете патување.
Девица (23.08 – 22.09)
Со реализација на сопствените потенцијали и со верба во сопствената способност може да изградите похармонична перспектива во текот на следниов период. Тоа ќе ви овозможи да се трансформирате себеси, како и околностите во кои претходно се наоѓавте, да ги зголемите добрите особини, а да ги намалите негативните. Внимавајте на настинки.
Вага (23.09 – 22.10)
Напредувајте на внатрешно духовен план, односно не дозволувајте ниските страсти и непродуктивните надвореѓни влијанија да ве доведат во непријатна ситуација. Секакви ризични активности може карастрофално да се одразат врз нашата психофизичка сосотјба. Затоа, памет во глава и сочувајте си ги својот мир и позитивната енергија.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Негативните моменти што подолг период ве следат на емотивен план, нема лесно и брзо да се разрешат, ако не почнете да размислувате оптимистички и да иницирате промени во своето живеење. Поседувате голема способност за регенерација и трансформација, така што наместо да водите борба со другите и со самите себеси, дајте им предност на афирмацијата и позитивната енергија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Околностите во кои се најдовте сфатете ги како игра на судбината и мигови на искушение. Тие неретко ве ставаат пред навидум неразрешливи ситуации, но секогаш успевате да се извлечете и да го фатите позитивниот правец на животот. Продолжете оптимистички да дејствувате, дистанцирајте се од незадоволните и фрустрирани поединци и сочувајте ги своите емоции.
Јарец (22.12 – 19.01)
Наместо да исчекувате што другите ќе кажат и да ја пасивизирате силата, најдобро е да ги преземете работите во свои раце и да го направите првиот чекор што ќе ве одведе кон вистинската трансформација и регенерација. Затоа, отворете се за искшенијата, не стравувајте од непознатото и прекинете а кризата што подолго време ја следи вашата личност.
Водолија (20.01 – 18.02)
Доколку и во периодот што следи владеат неизвесноста и ограничувањата, тогаш успехот и хармонијата повторно ќе ве заобиколат и ќе ве направат жртва во односот со другите. Почнете повеќе да внимавате на својата енергија и сочувајте ги емоциите од наблагодарниците, бидејќи постојат лица кои со ништо не се задоволни. Фокусот кон сопствениот мир е клучот за излез од кризата.
Риби (19.02 – 20.03)
Ако и понатаму размислувате песимистички и верувате дека не постојат можности за пронаоѓање излез од психовизичкиот лавиринт, тогаш не очекувајте подобрување и надминување на проблемите. Сепак, ѕвездите укажуваат дека со разумно и дисциплинирано однесување, ќе можете од корен да ги подобрите перспективите.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој