Овогодинешното, доделување на филмските награди Оскар дефинитивно помина во знакот на Вил Смит, кој ја освои статуетката за главна машка улога во филмот „King Richard“. Актерот го портретира Ричард Вилијамс, таткото на познатите тенисерки Венус и Серена Вилијамс.
Вооружен со јасно визија и дрзок план од 78 страници, Ричард Вилијамс е решен да ги запше своите две ќерки во историјата. Филмот на драматичен начин ги прикажува татковската интуиција и непопустливата посветеност да му го прикаже на светот талентот што го поседуваат неговите деца. Заедно, семејството Вилијамс им пркоси на навидум непремостливите пречки и преголемите очекувања што се поставени пред нив.