Музичките ѕвезди Кет Валдез и Бастијан ќе одлучат војата љубов да ја крунисаат со брак пред очите на обожавателите за време на еден од нивните концерти. Неколку мига пред да му се заколне на вечна љубов, Кет дознава дека Бастијан ја изневерувал. Кет нема да ја прекине свадбата, едноставно ќе го замени Бастијан со Чарли, странец од публиката.
Чарли е скромен човек, наставник и татко на едно девојче, чија сопруга неодамна го напуштила. Тој присилно ќе се најде на концертот, но и присилно ќе заврши во брак со светски позната жена што воопшто не ја познава. Дали двајцата странци кои водат комплетно различен начин на живот ќе успеат да најдат љубов во непромислено склопениот брак?