Две жени, Јанис и Ана, се среќаваат во болничката соба во која треба се породат. И двете се слободни, и двете забремениле сосем случајно. Јанис е во средните години и воопшто не се као што ќе стане самохрана мајка, додека Ана е адолесцентка и е преплашена за иднината.
Јанис ќе се обиде да ја охрабри Ана во миговите пред породувањето, но нејзините зборови ќе бидат доволно силни да поттикнат едно ново пријателство благодарение на кое двете жени полесно ќе се соочат со предизвиците што ги носи мајчинството. Главните улоги во оваа шпанска драма им припаднаа на Пенелопе Круз и Милена Смит.