Уште едно успешно филмско остварување за актерот Џејк Хиленхал. Иако речиси во целиот филм се појавува само тој, несомнено ќе успее да ви го задржи вниманието до самиот крај. Овој пат ја толкува улогата на деградиран полицаец кој за казна ќе биде тргнат од улиците. Тој ќе продолжи работи во бирото за примање повици за помош.
Сосема неочекувано ќе добие повик од киднапирана жена и тогаш започнува вистинската истрага што ќе се одвива преку телефон. Прекршувајќи ги своите овластувања, полицаецот ќе стори се за да ги заштити младата жена и нејзините две мали деца кои ја чекаат дома.
Но, дали навистина нејзе и е потребно спасување?