Шокантно хумористичен трилер е најкусиот опис на овој несекојдневен филм во кој главните улоги им припаѓаат на Ралф Фајнс, Ања Тејлор-Џој и Николас Хулт. Млад пар патува на далечен остров со цел да вечераат во ексклузивен ресторан познат по своето раскошно мени.
Таму ќе се најдат со мала група избрани луѓе кои заедно со нив ќе уживаат во привилегијата да ги пробаат малку познатите специјалитети на мистериозниот шеф. Но, овие одбрани гости ќе вкусат многу повеќе од јадење… страв, возбуда, адреналин.