Режисерот Кристофер Нолан ја фасцинира публиката ширум светот со биографската историска драма за животот на еден од најголемите научници на минатиот век. Станува збор за Роберт Опенхајмер, кој во 1942 година влегол во „Менхетен“, проект чија цел била создавање на првата атомска бомба. токму овој период од животот на физичарот се прикажува во филмот на фасцинантниот режисер.
Одличната актерска екипа составена од Килијан Марфи во главната улога, Гери Олдмен, Емили Блант и Роберт Дауни Џуниор, како што и се очекуваше, веќе ги полни киносалите. И овој пат Нолан го изведе невозможното на филмското платно, и покрај многуте дигитални ефекти на располагање тој ја задржа автентичноста снимајќи реални експлозивни кадри.