Филмови за животот на рок пејачот Елвис Присли има многу, но режисерката Софија Копола е прва која рефлекторот ќе го насочи кон животната сторија на неговата сопруга Присила. Тесно соработувајќи со Присила Присли, црпејќи инспирација од нејзината книга Elvis and Me, Копола на неверојатен начин ја доближува до публиката ранливата и осамена страна на дамата која на 21-годишна возраст му станува сопруга на човекот кој им припаѓал на сите жени ширум светот.