Во 1972 година, летот 571 на уругвајските воздухопловни сили, изнајмен да пренесе рагби тим до Чиле, се урива на глечер во срцето на Андите. Само 16 од 40 патници ја преживуваат несреќата. Наоѓајќи се во екстремни услови, преживеаните се принудени да прибегнат кон необични мерки за да останат живи.
Филмот го разработува сложениот однос кој се развива меѓу луѓето кои едни во други гледаат последна надеж за преживување, но борбата за опстанок под сурови услови и изолацијата, на моменти, влијае на нивниот здрав разум и на идентитетот. Ова неверојатно визуелно искуство режирано по вистинска приказна ќе ве поттикне на размислување за тоа колку човекот е мал и немоќен во однос на природата.