Храна за носење

Храна за носење

Како паметно да нарачувате брза храна?

Кога не стасувате да зготвите ручек поради многу обврски дома или кога заглавувате на работа, супа со брокола е последното нешто што ви паѓа на памет. Потребен ви е брз оброк што ќе ве засити за кратко и што ќе го добиете со еден телефонски повик. И тогаш паѓате во искушение да нарачате хамбургер, пица, нудли, тестенини во бел сос… висококалорични и комплетно нездрави оброци. Но, зошто да правите гревови во однос на храната, кога и сами знаете дека ваквиот оброк само ќе ве направи сонливи и непродуктивни до крајот на денот. Слободно дајте си оддишка од кујната, но научете се да правите мудри избори кога нарачувате храна.

ТЕСТЕНИНИ

Тестенините со песто или со сос од домати со лук ќе ве чинат само 172 калории по порција. Во оброкот речиси и да нема заситени масти и холестерол, а јодот е застапен само со 8 милиграми. Одличен извор на растителни влакна, фолна киселина, магнезиум и селен, а ако сосот е приготвен со маслиново масло, на организмот ќе му обезбедите и омега-3 масни киселини. Ако внимавате на холестеролот, држете се настрана од месото или нарачајте паста со пилешко. Во секој случај, сосовите со месо се далеку покалорични и во просек порција од 537 грама содржи 850 калории и висок процент на јод.

РИБА

Едно парче печена риба содржи 157 калории. Комбинирајте ја со чист бел варен ориз, бидејќи во 100 грама има само 151 калорија, што не е случај со пржениот/печен ориз, во кој има 184 калории. Оброкот е одличен за да се снабдите со омега-3 масни киселини што ги има во рибата и основните 8 градбени аминокиселини заедно со уште 15 витамини и минерали што ќе ги најдете во оризот. Во 91 грам пржени филети од риба има 211 калории што значи можете да сметате дека сте снабдени со протеини, но кога на тоа ќе ги додадете оризот, зеленчукот и сосот, првата опција е далеку подобра.

ПИЦА

Пицата е далеку помал грев од хамбургерот, плус оние фамилијарните се одлични за да ги нахраните внуците и да ви остане повеќе време за игра. Вегетаријанската пица е најздрава и најмалку калорична, но бидејќи на сите ни се неопходни протеини, онаа со морски плодови е подобра варијанта. Бројката на калории на морската пица во просек изнесува 490, но на тоа додајте ги витамините А и Ц и минералите железо и калциум. Пицата со сувомесни производи е навистина вкусна, но ќе се премислите кога ќе ви кажеме дека содржи неверојатни 1 200 калории. Ако не сте љубител на зеленчук и на морски плодови, најбезбедно е да нарачате маргерита или пица со пршута наместо со шунка.

ХАМБУРГЕР

Изберете посен протеин – плескавица од телешко месо или пилешко за да внесете помалку маснотии. Пресконете ги пржените компирчиња и заменете ги со многу салата на страна за да го намалите внесот на јаглехидрати. Или, пак, оставете ги компирчињата, но прескокнете го лепчето, па ручајте компири, месо и салата. Особено треба да внимавате на сосовите, избегнете го мајонезот по секоја цена и задоволете се со сенф или со чист доматен сос како салца.

Здрави замени

Едноставните замени може да направат голема разлика:
Кафеав ориз или киноа наместо бел ориз – овие опции обезбедуваат повеќе влакна и хранливи материи.
Интегрално лепче или зелена салата наместо бел леб – овие избори се поздрави и со помалку рафинирани јаглехидрати.
Прилог на база на зеленчук наместо помфрит – размислете за печен зеленчук или зеленчук на скара или свежи салати.

Прилагодувањето е клучно

Не плашете се да ја прилагодите вашата нарачка. Повеќето ресторани со задоволство прифаќаат барања како што се:
Сосови и преливи на страна – ова ви овозможува да ја контролирате количината што ќе ја изедете, значително намалувајќи го внесувањето на калории и масти.
Печено на скара пред пржено – опциите на скара, на пареа или печени се поздрави од пржените алтернативи.
Дополнителен зеленчук – зголемете го внесувањето на влакна и на хранливи материи со додавање дополнителен зеленчук во вашето јадење, бидејќи така ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја контролирате глукозата во крвта, па нема да имате криза за благо.

Почестете се

После напорен ден секако дека заслуживте десерт. Направете овошна салата и прелијте ја со мед, путер од кикирики и грчки јогурт или купете си протеински пудинг или црна чоколада со најмалку 75 % какао во составот. Бидете сигурни дека овие здрави десерти ќе му дадат задоволителен крај на вашиот ручек.

Паметно освежување

Пијалаците се скриен извор на калории и шеќер и залудно се трудите оброкот да е здрав ако го комбинирате со газиран сок. Затоа држете се до:
Вода – најдобар избор за хидратација без никакви дополнителни калории.
Незасладен чај – вкусна алтернатива без додадени шеќери.
Газирана вода – внимавајте на оние со вкус, бидејќи знаат да бидат засладени. Најдобро купете обична газирана вода, па ставете парче лимон, портокал или шумско овошје во чашата.