Ирска, почетокот на 50-тите. Ејлис (ја толкува необичната актерка Саоарсе Ронан) е млада жена која работи во продавница за храна и води сосема едноличен живот. Силните амбиции ќе ја поттикнат да се пресели во Бруклин, Њујорк, оставајќи ги зад себе мајка си и сестра си Роуз (Фиона Гласкот). И покрај големата тага и копнеж за дома, на крајот Ејлис се смирува во новиот дом, наоѓа работа, студира да биде книговодител и запознава убав млад Италијанец, Тони Фиорело (Емори Коен). Работите одат добро сè додека не ја изненади ненадејната смрт на нејзината сестра. Ејлис решава да се врати дома, привремено. Таа и Тони набрзина се венчаат, а потоа сама заминува во Ирска за да ја утеши мајка си. Но, идејата за живот во Ирска повеќе не делува толку еднолична. Ејлис паѓа во силно искушение да одлучи кој ќе биде нејзиниот конечен дом, но и партнер.