Кардиф

Кардиф

Шармантен дом на историја, култура и забава

Кардиф, главниот град на Велс, е еден од најмладите растечки метрополи во Европа во која се преплетува богата историја и модерна привлечност. Често засенет од неговите поистакнати соседи, Кардиф заслжува да биде посетен од сите љубители на уметноста, историјата, културата, модата.

Култура и наследство

Кардиф е дом на голем број замоци и историски остатоци. Историјата на градот датира уште од римско време за што сведочи и замокот Кардиф, кој е сместен во срцето на градот. Тој е вистинска архитектонска комбинација од она што го зачувале Норманите и луксузен ентериер во викторијански стил.

Атракции

И да сакате, невозможно е да ги заобиколите трите најголеми атракции во Кардиф: замокот Кардиф, Милениумскиот стадион и Националниот музеј. Сите се блиску еден до друг во центарот на градот. Но, и во околината на градот има безброј атрактивни локации, како самото крајбрежје каде се наоѓа Милениумскиот центар на Велс и замокот од бајките Кох.

Cardiff

Кујна

Низа ресторани со бескраен избор на кујни, Кардиф ужива особена репутација кога станува збор за храната. Туристите не пропуштаат да го вкусат јагнешкиот и говедскиот специјалитет подготвен на традиционален велшки начин. Органско овошје и зеленчук, свежа риба и морска храна, можете да најдете во секое време.

Ноќен живот

Ноќниот живот во Кардиф е концентриран на и околу улицата St. Mary. Барови, пабови, клубови, секаков вид забава сместен на една улица. Greyfriars Road е дом на одлични коктел и вино барови, додека Заливот Кардиф е идеален за оние кои се во потрага по мирна романтична вечера.

Cardiff

Шопинг

Нема да се разочарате ако појдете во Кардиф на шопинг. Queen Street е главната градска шопинг зона каде што ќе најдете бутици со висока улична мода; aко имате ограничен буџет, тогаш упатете се во шопинг-центарот St. David; светските брендови и уникатните кафе барови чекаат на вас во Victorian Arcades.

Какво е времето?

14 °C е просечната температура во есен, со чести краткотрајни дождови, затоа понесете си чадор.