Промени кај рибите, успех за скорпиите
Овен (21.3-19.4)
Во последно време максимално сте расеани и неспособни за јасно и прецизно согледување на околностите во кои се наоѓате, поради што правите пропусти за кои обично наоѓате решение. Ако сакате да ја воспоставите психофизичката трансформација, ќе мора да бидете опуштени, конкретни и да им дадете приоритет на лицата и настаните што ветуваат хармонична реализација.
Бик (20.4-20.5)
Елиминирајте ја внатрешната нервоза и не дозволувајте песимизмот и меланхолијата да ве издоминираат. Не дозволувајте лицата кои немаат позитивна визија во животот и способност за реално согледување на околностите во кои се наоѓаат, да ви ја земаат енергијата и со своето неодговорно однесување, да влијаат врз расположението и плановите што имате намера да ги спроведете.
Близнаци (21.5-20.6)
Доволно импровизиравте и остававте некој друг да ви ги завршува обврските, време е да се соочите со реалноста и да го подобрите впечатокот во јавноста. Затоа, елиминирајте ја лажната скромност, размислувајте оптимистички и покажете поголемо чувство за проблемите на лицата на кои им е потребна вашата помош.
Рак (21.6-22.7)
Вашите духовни вредности ќе дојдат до израз и ќе ви овозможат искрена насоченост кон другите. Ѕвездите укажуваат дека е добро што хумано и доблесно постапувате. Позитивното настојување и жртвувањето за напредокот на блиските, отсекогаш ја карактеризирале вашата личност. Овој период е добар за купопродажба на недвижности.
Лав (23.7-22.8)
Дојдено е времето за дистанцирање од лицата и настаните кои ве ограничуваат и не ви дозволуваат мирна егзистенција. Планетите ќе ви донесат голема решителност, виталност и подготвеност за храбро дејствување. Остварете ја должноста, односно мисијата за која сте повикани, бидејќи лесно може да ви се случи да ја загубите сигурноста и да се вратите на почетната позиција.
Девица (23.8-22.9)
Недостатокот на поддршка од јавноста и потешкотиите кои подолго време ја следат вашата личност не ви дозволува порелаксирано и спонтано да им пријдете на задоволствата и предизвиците на животот. Затоа се чувствувате напнато и постојано стравувате од негативните удари на судбината.
Вага (23.9-22.10)
Ѕвездите ве советуваат да ја пробудите сопствената способност за регенерација и трансформација, да не паничите и да го иницирате оптимизмот, зашто имате сила и потенцијал за излез од кризата. Затоа, не се окупирајте со неважните ситуации, туку дадете им предност на лицата и настаните што ветуваат напредок.
Скорпија (23.10-21.11)
Позитивните резултати максимално ќе се манифестираат, посебно ако покажете упорност и решителност во настапот. Добро е ако ги препознаете суштинските приоритети и полека, но сигурно почнете да го градите новиот концепт на животот. Овој период е добар за патување.
Стрелец (22.10-21.11)
Проблемите подолго време ве следат и ви предизвикуваат да се чувствувате како риба на суво, поради што никако да го пронајдете излезот од психофизичкиот лавиринт во кој се наоѓате. Сепак не е сé загубено, зашто ќе ја имате можноста да завршите со неизвесноста и да ја подобрите перспективата.
Јарец (22.12-19.1)
Во текот на овој период ви се препорачува да не се форсирате во јавноста, зашто проблемите и ограничувањата нема да ве заобиколат, посебно ако преферирате импулсивно и непромислено да ги решавате пречките. Затоа, е неопходно да се заштитите од дисхармоничното влијание на другите, да работите на надградбата на сопствената личност и да не влегувате во ризици.
Водолија (20.1-18.2)
Позитивниот пристап и препознавањето на вистинските вредности ќе ви помогнат во постепеното елиминирање наталожените проблеми и во воспоставувањето на психофизичката рамнотежа. Затоа дистанцирајте се од негативните влијанија присутни во непосредното опкружување, утврдете ги приоритетите и вложете во духовната надградба на сопствената личност.
Риби (19.2-20.3)
Заборавете на негативните искуства од минатото и обидете се со позитивен пристап да ја градите иднината. Честопати ограничувачките случувања носат значајни искуства и водат кон промени. Време е да ја научите лекцијата и да разберете дека не треба премногу отворено и наивно да им приоѓате на лицата кои недоволно ве почитуваат.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој