Што во слободно време? Погледнете филм It ends with us

Што во слободно време? Погледнете филм It ends with us

Eмотивна приказна која ги истражува љубовта, болката и тешките одлуки што ги обликуваат нашите животи. Филмот ја следи Лили, млада жена со сложено минато, која гради нов живот во Бостон. Таа се вљубува во шармантниот и мистериозен хирург Рајл, но нивната врска е далеку од совршена.

Кога нејзината прва љубов, Атлас, повторно ќе се појави во нејзиниот живот, Лили се соочува со дилеми што ќе ја тестираат нејзината храброст и решителност. Овој длабоко трогателен филм, инспириран од бестселерот на Колин Хувер, зборува за моќта да се стави крај на болката и семејното насилство и да се избере љубовта кон себе.