Поддршка за скорпиите, напредок кај јарците
Овен (21.3-19.4)
Околностите во животот почнуваат да ви се подобруваат и да ви создаваат нова мотивација, што е гаранција дека ќе тргнете храбро кон целта и ќе успеете да воспоставите похармонични односи во љубовната и професионална сфера на интерес. Затоа, дејствувајте и покажете ги вредностите. Ако ви се отвори можност за контактирање со лица кои се поврзани со странство или имате предиспозиција за преземање далечно патување, слободно искористете ја.
Бик (20.4-20.5)
Поради негативното влијание на планетите ви се препорачува внимателно да им приоѓате на состојбите и да не се зафаќате со работи што недоволно ги познавате. Доколку манифестирате импулсивност за брзо завршување на започнатите обврски, очекувајте неуспех и соочување со ограничувачките фактори.
Близнаци (21.5-20.6)
Ќе мора нешто да промените во однесувањето и да покажете дека имате сили и квалитет самостојно да ги решавате проблемите. Во секој случај, моменталната поставеност на планетите не гарантира лесен излез од кризата, туку борба и околности што максимално ќе ве исцрпат на психофизички план. Внимавајте на притисоците во полето на работата.
Рак (21.6-22.7)
Поставеноста на ѕвездите ќе ви донесе решителност и способност за справување и со најтешките искушенија. Затоа, наместо да размислувате и да чекате убавите работи да дојдат самите по себе, многу подобро е ако ја преземете иницијативата и со храбро дејствување покажете што умеете. Најважно е што виталноста, борбеноста и желбата за промени ќе бидат максимално присутни.
Лав (23.7-22.8)
Ќе мора да се соочите со проблемите што ви ги создаваат лицата од непосредната околина и од корен да го промените односот кон јавноста. Наместо постојано да им ги исполнувате желбите на другите и енергетски да се трошите, неопходно е да се дистанцирате од сѐ што ве уназадува и унесреќува. Направите нешто добро за самите себе.
Девица (23.8-22.9)
Колку и да очекувате другите да ги сфатат вашите идеи и планови, толку поголемо ќе ви биде разочарувањето. Најважно е да се ослободите од туѓото влијание и со сопствени сили да ја реализирате целта. Внимавајте на односите и комуникацијата. На здравствено поле градете го здравиот дух, бидејќи само така ќе имате здраво тело.
Вага (23.9-22.10)
Не треба да ги обинувате другите за нештата кои недоволно ги познавате. Со критицизам самите на себе ќе си предизвикате проблеми и ќе создадете релација која ќе се темели на недоверба и недоразбирања. Најдобро е сомнежите да не ги манифестирате премногу јавно, односно да си ги задржите за себе, особено ако немате доволно докази за тоа што го преиспитувате.
Скорпија (23.10-21.11)
Не ви вредат високите потенцијали бидејќи не умеете да ги ставите во функција и да ја подобрите перспективата во своето живеење. Затоа, ќе мора да покажете поголема одговорност и подготвеност за практично дејствување. Ѕвездите ќе ви ја дадат потребната поддршка, само треба да го промените концептот на размислување и постепено да се трансформирате.
Стрелец (22.10-21.11)
Бидете мудри и внимателни при воспоставувањето на комуникацијата, бидејќи неретко ви се случува наивно да наседнете на туѓите ветувања. Најдобро е да се потпрете на интуицијата, односно да не брзате при прифаќањето на советите, зашто и најмалата грешка може скапо да ве чини. Обидете се да ја подобрите финансиската состојба и да патувате.
Јарец (22.12-19.1)
Храбро манифестирајте ги вредностите, зашто ефективно и ефикасно ќе стигнете на целта. Не треба да се грижите за впечатокот што ќе го оставите во јавноста, бидејќи со природниот шарм и заводливото однесување мошне лесно ќе допрете до срцето на лицето кое подолго време го привлекува вашето внимание. Потребно е да внимавате на финансиски план, доколку имате можност за склучување ризичен договор поврзан со недвижности.
Водолија (20.1-18.2)
Не треба да се окупирате со негативните ситуации, туку да направите напор за постигнување трансформација во емотивната сфера. Смирете ги страстите, надминете ја суетата и покажете достоинственост. Важно е да направите селекција во контактите и да престанете да се жртвувате за лицата кои тоа не го заслужуваат.
Риби (19.2-20.3)
Најважно е да се сконцентрирате на работата, да покажете разбирање за блиските и да ја елиминирате ранливоста. Добро е ако во овој период се определите да патувате или остварите контакти со лица кои доаѓаат или се поврзани со странство. Не ризикувајте, дејствувајте мирно и промислено, односно не паѓајте на туѓите провокации.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој