Не е само тренд!

Не е само тренд!

Откријте ја древната тајна за чиста и сјајна кожа

Во светот на нега на кожата, методот на чистење со масло стана вистински тренд, но овој пристап не е нов. Потекнува од античките цивилизации, како што се римската и јапонската, каде маслата се користеле за чистење и нега на кожата. Денес, оваа техника добива ново значење благодарение на нејзината ефикасност и отсуството на какви било нуспојави.

Што се масла за лице?

Маслата за лице делуваат на две нивоа – ја надоместуваат влагата во кожата, но и ја задржуваат длабоко во клетките. Секој тип масло располага со уникатна комбинација на есенцијални хранливи материи и масни киселини што ја негуваат и ревитализираат кожата, зајакнувајќи ја и обновувајќи ја липидната бариера во најгорниот слој на кожата. Примери за вакви масла се кокосовото масло со интензивно хидрирачко дејство, смирувачкото масло од јојоба и маслото од шипка богато со антиоксиданти.

Како функционира методот на чистење со масло?

Основниот принцип е едноставен: маслото привлекува масло! Тоа значи дека маслото што го нанесуваме на кожата, помага да се растворат и отстранат вишокот себум, нечистотиите, шминката па дури и водоотпорните производи без да се наруши или загрози природната бариера. За разлика од агресивните формули за чистење лице, маслата не ја сушат кожата и не предизвикуваат иритации.

Предности на чистење со масло

  • Длабинско чистење: Маслото продира длабоко во порите и ги отстранува нечистотиите и остатоците од шминка.
  • Хидратација: За разлика од класичните чистачи кои ја сушат кожата, маслата ја оставаат мека и хидрирана.
  • Баланс на себум: Маслото помага во регулирање на природното производство на себум на кожата, што го прави идеално за масна кожа.
  • Смирување на кожата: Природните масла содржат антиинфламаторни и антиоксидантни својства, кои помагаат да се намалат црвенилото и иритациите.
  • Удобност: Маслата лесно се нанесуваат и се погодни за масажа, што го прави процесот на чистење пријатен ритуал.
  • Намалување на несовршеностите: Некое повеќе, некое помалку, но генерално маслата го стимулираат производството на колаген за намалување на брчките и го изедначуваат тенот.
  • Сјаен ефект: Кратко по нанесување на маслото, кожата станува блескава и делува одморно, а сјајот е видлив и по нанесување пудра.
Како да користите масло за чистење?
  1. Нанесете неколку капки масло на суви раце, протријте го меѓу дланките за да го загреете па масирајте го лицето со кружни движења.
  2. Посебно внимание посветете на Т-зоната и региите со повеќе шминка.
  3. Навлажнете ги рацете со малку топла вода и продолжете да масирате додека маслото не добие млечна текстура.
  4. Исплакнете со топла вода и избришете го лицето со мека крпа.
Maslo za lice
Како да го вметнете маслото во рутината за нега на кожата?

Чистењето со масло може да биде првиот чекор во вечерната рутина за нега на кожата, особено ако носите шминка или користите креми со SPF. Еве како изгледа идеалната рутина:

  • Чистење со масло: За да ги отстраните нечистотиите, себумот и шминката.
  • Двојно чистење (по потреба): Ако имате масна кожа, користете нежен пенест чистач по маслото.
  • Тоник: Вратете го pH-балансот на кожата.
  • Серум: Нанесете активни состојки кои одговараат на вашите потреби.
  • Хидратантен крем: Заклучете ја влажноста во кожата.
  • Масло за лице (ако користите и за нега): Неколку капки масло за дополнителна хидратација.

Најдобри масла за различни типови кожа

За сува кожа:

Масло од авокадо: Богато со витамини А, Д и Е, помага за длабока хидратација.
Масло од јојоба: Иако технички е восок, одлично ја задржува влажноста и ја смирува кожата.

За масна кожа склона на акни:

Масло од гроздови семки: Лесно и богато со линолна киселина, помага во регулирање на себумот.
Масло од чајно дрво: Познато по своите антибактериски својства, помага во борбата со акни.

За чувствителна кожа:

Масло од камилица: Има смирувачки ефект и ја намалува иритацијата.
Масло од сладок бадем: Нежно и богато со витамини, одлично за чувствителна кожа.

За комбинирана кожа:

Mасло од арган: Балансирано масло кое хидрира без да ја замасти кожата.
Масло од дрен: Лесно и богато со антиоксиданти, помага во изедначување на тенот.