Подобрување кај девиците, позитива кај јарците
Овен (21.3-19.4)
Колку похрабро дејствувате кон тоа што ве привлекува, толку побрзо ќе ги остварите намерите. Имајте на ум дека успехот не може да се постигне ниту во минатото, ниту во иднината – тој е производ на мигот на сегашноста. Затоа, искористете ја оптимистичката природа на сопствената личност и придвижете ги идеите на енергичен и решителен начин.
Бик (20.4-20.5)
Соочете се со сопствените слабости, направете план што ќе ви помогне при справувањето со проблемите и не влегувајте во ризични ситуации. Ѕвездите ве советуваат да не се жртвувате непотребно за другите, туку да ги утврдите приоритетите и да се заштитите од негативностите. Здравствената состојба постепено ќе ви се подобрува.
Близнаци (21.5-20.6)
Јасно и прецизно согледајте ги околностите во кои се наоѓате. Ви се препорачува да не ја трошите енергијата на лица и ситуации што не ветуваат успех и реализација. Време да ги утврдите приоритетите, да покажете дека умеете да се изборите за своите права и да престанете да се однесувате несигурно, расеано и неорганизирано.
Рак (21.6-22.7)
Доволно се оптоварувавте со неважни нешта и ја пасивизиравте енергијата. Бидете решителни и храбри во дејствувањето и покажете дека умеете да ги препознаете вистинските вредности. На професионален план не очекувајте големи промени и подобрување на околностите, така што избегнувајте ги ризиците.
Лав (23.7-22.8)
Добро е ако ги преиспитате околностите во кои се наоѓате, зашто непромисленото итање кон целта и подреденоста на надворешните влијанија се закануваат целосно да ве преоптоварат на психофизички план. Затоа од суштинска важност е да пронајдете мотивација за излез од кризата и за осветлување на патот по кој ќе ја градите новата визија на животот.
Девица (23.8-22.9)
Ѕвездите ќе ви ја дадат потребната поддршка, така што бидете храбри и активни во дејствувањето. Позитивното размислување, иницијативноста и борбеноста ќе ви овозможат надминување на ограничувачките влијанија. Искористете ги високите потенцијали за воспоставување на похармоничната основа во доменот на љубовта.
Вага (23.9-22.10)
На професионален план бидете подготвени за соочување со разни искушенија и недоразбирања. Внимавајте на односите во семејната атмосфера, зашто недоразбирањата ќе бидат присутни и ќе ви предизвикаат напнатост и несигурност. Ако имате можност посетете ги пријателите или преземете кратко патување. Не ризикувајте на финансиски план.
Скорпија (23.10-21.11)
Состојбата на психофизички план постојано ви се менува, така што лесно преминувате од депресија во фаза на еуфорија. Ако сакате да ја постигнете потребната рамнотежа, неопходно е да ги препознаете причините кои ви го создаваат немирот и храбро да дејствувате во миговите кога постојат хармонични предуслови за постигнување на успехот.
Стрелец (22.10-21.11)
Бидете активни и не оставајте нерасчистените околности во љубовниот живот и понатаму да ви создаваат психофизички немир и да ве оддалечуваат од целта. Наместо да му се предавате на песимизмот и да се пасивизирате, време е да размислите за доживување на авантурите и да ги следите новитетите. Ѕвездите ќе ви овозможат излез од ограничувачките фактори.
Јарец (22.12-19.1)
Верувајте во позитивните сили на сопствената личност и со храбро дејствување подобрете ја психофизичката состојба. Ќе ја добиете поддршката од ѕвездите, така што не оставајте ништо на случајот и насочете се кон тоа што ве привлекува. Најважно е што во доменот на љубовта ќе пронајдете заеднички интерес за подобрување на односот.
Водолија (20.1-18.2)
Пасивноста, меланхолијата и стравот од непознатото ништо добро нема да ви донесат. Ви се препорачува да верувате во себе и храбро да им се противставите на ограничувачките фактори. Пронајдете време за надградба на знаењето и за патување. Вредностите што ги поседувате и капацитетот на среќа се гаранција дека ќе пронајдете решение за проблемите.
Риби (19.2-20.3)
Без оглед што ударите на судбината ве доведоа во мошне незавидна ситуација, не треба да се предавате и да му подлегнувате на меланхоличното расположение. Напротив, ако сакате да се извлечете од психофизичкиот лавиринт, ќе мора да ги употребите позитивните потенцијали и да им ставите крај на надворешните притисоци, како и на сопствените стравови.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој