Сатирична драма чие дејство се одвива во луксузни ресорти, каде зад совршениот амбиент се кријат човечки слабости, тајни и напнатост. Секоја сезона носи нови ликови и локации, но темите се постојано актуелни – моќ, привилегија, лицемерие. Џенифер Кулиџ блеска во улогата на Танија, ранлива, ексцентрична и трагикомична жена која лесно ќе ве освои.
Паметна, визуелно раскошна и емотивно провокативна, ова е серија што ќе ве тера да размислувате дури и откако ќе заврши последната сцена. Совршен избор за љубителите на длабоки дијалози, силни карактери и приказни, но и за љубителите на модата и на гламурот.