Режисерот Џејмс Ган го враќа Супермен на големото платно во сосема ново светло. Актерот Давид Коренсвет ја толкува улогата на Кларк Кент, прикажувајќи го како херој со човечка ранливост. И во оваа верзија, Кларк работи како новинар во „Дејли Планет“, но после работното време е Супермен – омилен меѓу луѓето и верен чувар на правдата.
Но, кога Супермен се вмешува во меѓународен конфликт предизвикан од технолошкиот милијардер Лекс Лутор (го толкува Николас Хулт), светот започнува да се сомнева во неговите искрени намери.
