Ништо не ни го покажува времето толку јасно како огледалото и… зглобовите.
Еден ден, без претходна најава, кожата почнува да го губи сјајот, а колената да нè вртат по долг, напорен ден. Тоа е тивок потсетник дека најважните градбени елементи во нашето тело полека се трошат.
Колагенот и хијалуронската киселина се како двајца главни чувари што долго време незабележително ја извршуваат својата работа. Сè додека не им затреба нашата помош.
До 30-тата година, нашиот организам веќе произведува 15 % помалку колаген.
До 50-тата година – изгубени се повеќе од половина од залихите.
А хијалуронската киселина? Таа исчезнува уште побрзо.
Резултатот? Сувост, брчки, напнатост во зглобовите, подвижност која веќе не е како порано.
Научниците веруваат дека решението е во враќање на она што телото го губи – колаген и хијалуронска киселина во соодветна форма и секогаш во пар.
Колаген – протеин кој нè држи на нозе
Колагенот е протеин кој природно се наоѓа во телото и се создава од клетки на сврзното ткиво. Тој е најзастапениот протеин кај човекот – сочинува речиси една третина од вкупната протеинска маса. Познати се 28 типови колаген, а најчести се:
Тип I – најзастапен, присутен во сите сврзни ткива
Тип II – се наоѓа во зглобовите и во меѓупршленските дискови
Тип III – дел од сврзното ткиво во кожата и во крвните садови
Тип IV – присутен во бубрезите, очната леќа и внатрешното уво
Колагенот е клучен за структурата и еластичноста на тетивите, лигаментите, мускулите и ’рскавицата – па затоа има значајна улога во здравјето на зглобовите и на коските.
Воедно, тој сочинува 75–80 % од структурата на кожата, а придонесува за еластичноста, хидрацијата и обновата на оштетените клетки.
Истражувањата покажуваат дека колагенот го достигнува врвот во периодот од 25 до 34 години, а потоа неговото природно производство опаѓа за околу 1,5 % годишно.
Последиците ги гледаме како:
- појава на фини линии и брчки
- слабеење на коскената густина
- поголем ризик од остеопороза
Затоа, многу луѓе одбираат да внесуваат морски колаген (тип I) како додаток во исхраната. Тој има одлична апсорпција и претставува соодветна замена за луѓе кои не користат животински извори од говедско или свинско потекло.
Хијалуронска киселина – молекула што задржува вода
Хијалуронската киселина е природен полисахарид присутен во кожата, зглобовите и очите. Таа е позната по својата исклучителна способност да задржува вода – над 1 000 пати повеќе од сопствената тежина.
Благодарение на тоа:
- ја одржува кожата хидрирана и полна
- ја подобрува заштитната функција на кожата
- придонесува за еластичност и нежност на кожата
Во зглобовите, таа е составен дел на синовијалната течност, која ги подмачкува и ги штити од триење. Со возраста, нејзиното производство се намалува, што може да доведе до сувост на кожата, намалена подвижност и болка во зглобовите.
Дополнителни придобивки од хијалуронската киселина:
- забрзува зараснување на рани
- намалува воспаление
- го одржува здравјето на очите
Како функционираат заедно?
Колагенот и хијалуронската киселина се надополнуваат природно.
Колаген = структура и цврстина.
Хијалуронска киселина = хидрација и подмачкување.
Двојна сила за кожата
Кожата содржи:
50 % од вкупната хијалуронска киселина
75 % од целокупниот колаген во телото
Кога нивото на овие две супстанции се намалува – се забрзува стареењето на кожата.
Комбинацијата:
- ги подобрува цврстината и еластичноста
- ја зголемува хидрацијата во длабоките слоеви
- ја зајакнува кожната бариера
- придонесува за порамномерна текстура
Истражувањата сугерираат дека внесувањето суплементи во орална форма може поефикасно да стигне до длабоките слоеви на кожата отколку кремите.
Поголема подвижност и заштита на зглобовите
Во зглобовите:
колагенот дава структура и стабилност
хијалуронската киселина ги подмачкува и ги штити од триење
Комбинацијата:
- ги намалува непријатноста и болката при движење
- го поддржува здравјето на ’рскавицата
- придонесува за подобра коскена густина
- го одржува мускулниот тонус, па зглобовите трпат помал притисок
Оваа синергија е особено корисна за луѓе кои многу стојат, кои седат подолго време или се физички активни.
Важно е да се знае!
Иако колагенот и хијалуронската киселина се природни и добро поднoсливи:
- суплементацијата треба да биде прилагодена индивидуално
- секогаш е паметно да се консултира фармацевт или лекар
- здравата исхрана, хидрацијата и заштитата од сонце остануваат темел на убавата, здрава кожа.
